Црна хроника
Поведена постапка поради разбојничка кражба
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 48-годишен гостиварец поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело разбојничка кражба.
„Осомничениот делото го сторил на 30.11.2020 година, околу 13:30 часот во с. Речане, кога бил затечен во кражба и со употреба на опасно оружје – нож, се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на едно лице. Тој ја прескокнал оградата и ја обил влезната врата на куќата на оштетениот. Започнал да претура по предметите, по што одзел една моторна пила и тргнал да ја напушти куќата. Кај влезната врата бил спречен од страна на оштетениот кој за таа намена поставил пластичен стол на влезот. Откако осомничениот увидел дека не може да излезе, извадил нож со дрвена рачка и должина на сечилото од 30 сантиметри и почнал да се заканува на оштетениот, по што со едната рака го гурнал оштетениот и побегнал“, се наведува во соопштението.
Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот достави предлог до надлежниот суд за определување на мерката притвор за осомничениот. Основниот суд Гостивар го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со решение му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ.
Пријавениот во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која воедно бил и овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без за тоа да има соодветна оправданост или сметководствено покритие.
Со таквите дејствија Д.Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, за кој износ е оштетено ловечкото друштво.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

