Топ
Повеќе полицајци повредени во тешка сообраќајна несреќа во близина на Прилеп

На 3.4.2023, во 18 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Крушево, во близина на местото наречено Бегова Ливада, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со шведски национални ознаки, управувано од Р. Т. (45) од Прилеп, и патничко возило „ланд ровер“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата тешки телесни повреди добил Р. Т., а телесни повреди добиле возачот на полициското возило и уште четворица негови сопатници, сите вработени во МВР, констатирани во Градската болница Прилеп.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Општина Аеродром информира дека до МВР и Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради, како што наведуваат, загрозување на животната средина.
Од Општината посочуваат дека во изминатите три дена самостојно собрале 24 тони комунален отпад (над 170 м³) од домаќинствата во Аеродром, работа која градското претпријатие не ја извршило.
„Ова беше возможно само благодарение на ангажманот и трудот на работниците на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром,“ велат од Општината.
Тие додаваат дека поради вонредната ситуација дел од редовните активности, како чистење на тротоари и сервисни улици, косење и уредување зеленило, празнење на мали корпи за отпад и собирање кабаст отпад, биле привремено запоставени.
„Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање. Ова не е само прашање на отпад, ова е прашање на достоинство, здравје и иднина,“ стои во соопштението од Општина Аеродром.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кандидати за советници во Струмица од СДСМ нападнале странски државјани

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека кандидати за советници на опозициската СДСМ во Струмица физички нападнале странски државјани. Според нивните наводи, станува збор за Христијан Ефтимов, претседател на младите во партијата и Илија Стојанов.
„Додека СДС и Венко Филипче зборуваат за европски вредности, нивни кандидати за советници крвнички тепаат странци во Струмица. СДС повторно го покажа своето вистинско лице – наместо програма, план и визија, нудат насилници и тепачи,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму споменуваат и други случаи на насилно однесување на членови и функционери на СДСМ, поврзани со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, и советникот од Кочани, Аки Акимов.
„Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка, во слободно време во видно алкохолизирана состојба се однесувал како шериф и тепал припадник на МВР. Долга е низата на насилници од редовите на СДС. Таков случај е и советникот Аки Акимов од СДС кој делеше тупаници во Советот на Кочани и јавно се закануваше. Акимов може да се види во прегратките на Венко Филипче на фотографии, но Филипче не се огради ниту од овој случај на насилство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Бараат од лидерот на партијата, Венко Филипче, јавно да се огради од насилниците.
Македонија
Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит и регионот и значително ќе го намали времето на патување од Скопје до Солун и до Атина, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
„Ние после долг временски период разговараме со Грција за поврзување, за економија, за бизнис, за она што го прави животот. Брзата пруга колку што е бенефит за Македонија, многу повеќе е од бенефит за Грција, особено што целосно ќе ги отвори пред се солунското и атинското пристаниште кон Централна Европа. Изградба на брза пруга на која што карго возовите ќе возат со 120км/ч, во само првата година откако ќе се изгради од сегашни 12 милиони евра колку што имаат приход двете железнички македонски претпријатија, ќе оди на 120 милиони. Истото ќе важи и за грчките пристаништа, што целосно ќе ја промени економијата во целиот овој регион”, рече Николоски.
Вицепремиерот информираше дека грчките власите се согласни, следната година почнат да градат двоколосечна пруга по примерот на Македонија од Солун до Гевгелија, а директорите на железничките претпријатија на двете земји веќе ги усогласуваат техничките детали.
„Тоа ќе значи дека од Скопје до Солун ќе се патува за 1 час и 20 минути, а до Атина за не повеќе од 4 часа и мислам дека тоа целосно ќе го смени начинот на живот на овој дел од Европа. Така што брзата пруга ќе стане најзначаен економски-инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа”, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.