Црна хроника
Поднесено обвинение за обид за разбојништво во аптека во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице што се oбидело да изврши кривично дело разбојништво.
Обвинетиот се товари дека на 27.12.2019 година влегол во аптека на булеварот Климент Охридски во Скопје и се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една вработена, која се наоѓала зад работниот пулт, па од неа побарал да му ги даде парите. Притоа, тој ставил маска на устата и ја откопчал јакната, а едната рака ја ставил во внатрешниот џеб каде што имал нож. Оштетената, исплашена за сопствениот живот, се стрчала кон магацинот, а обвинетиот тргнал кон неа. Во тој момент од магацинот излегол работник од агенцијата за обезбедување и го спречил обвинетиот во намерата да изврши разбојништво.
Надлежниот јавен обвинител до судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор бидејќи оцени дека во конкретниот случај и натаму постои опасност обвинетиот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и стази без документација
Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.
Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.
Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

