Црна хроника
Поранешен студент му го запалил автомобилот на професорот

Основното јавно обвинителство Куманово го истражува опожарувањето на автомобил кое се случи во средата, а според првичните сознанија поранешен студент го запалил возилот на својот професор со кого биле во влошени меѓучовечки односи подолг период.
Настанот се случил во средата, 28-ми декември, кога осомничениот со намера и употребувајќи запалива материја го запалил автомобилот „голф 6“, сопственост на жител на Куманово. Од пожарот со кој е предизвикана значителна опасност, било зафатено и друго возило „пежо 206“.
Според првичните сознанија, причина за стореното дело биле влошени меѓучовечки односи кои траеле неколку години, а започнале кога осомниченото лице било студент на факултет каде сопственикот на возилото е професор.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на лице место и издаде потребни насоки за натамошно расветлување на настанот. Ценејќи дека се исполнети законските основи, до Основниот суд Куманово против осомничениот е поднесен Предлог за изрекување мерка на претпазливост односно „Одземање на патна исправа“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се запалија викендичка на Матка и кафеана во Гази Баба

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи.
Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје.
Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, повредени лица нема, а увид извршиле екипи од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведен маж од Мршевци по пријава дека физички нападнал малолетник

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (54) од село Мршевци, општина Илинден, по пријава дека физички го нападнал малолетниот син на 39-годишната А.Ј.
Инцидентот се случил на 19 октомври 2025 година околу 15:30 часот во селото Мршевци. Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведениот.
Црна хроника
Скопјанец му се заканувал и му го оштетил возилото на својот брат

Полицијата го приведе Б.М. (45) од Скопје на подрачјето на Карпош, по пријава дека упатувал закани кон својот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет го оштетил неговото патничко возило.
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.