Топ
Почина 44-годишен маж од Гостиварско: му се слошило и со возилото удрил во паркиран автомобил

Утрово во 02.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица ,,Лазар Лазаревски“, на Б.З.(44) од гостиварско Неготино, кој управувал патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, му се слошило, по што изгубил контрола и со возилото удрил во паркирано возило „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од А.С.(62) од Гостивар.
Б.З. бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа при ОВР Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
„Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот“.
Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираат јавноста.
Македонија
(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа во гаснењето на шумскиот пожар во реонот на Блаце.
Со два хеликоптера – „бел 412“ и „агуста бел 212“, во текот на денот беа извршени 55 налети, при што беа исфрлени повеќе од 70 тони вода врз зафатеното подрачје.
Интервенцијата е дел од координираните напори на надлежните институции за справување со пожарот и спречување негово ширење.
Македонија
Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина на железничката станица во Ѓорче Петров, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“.
Пожарот, пријавен околу 18 часот, првин зафатил сува трева, но потоа се проширил и на неколку помошни објекти и штали, во кои имало домашни животни. Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала и го изгаснала пожарот.
„Во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.