Црна хроника
Прегазена 83-годишна жена од Битола: во неа удрило товарно возило

Вчера, во 11.16 часот, во СВР Битола било пријавено дека на улицата Никола Тесла во Битола, товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И. К. (60) од с. Сарај, Скопско, удрило во М. Г. (83) од Битола.
Во несреќата тешки телесни повреди добила М. Г., констатирани во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид од екипа на СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пукал со пиштол и удрил во полицаец со автомобил, истрага против жител на струшко Велешта

Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, Предизвикување општа опасност и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста – за овие кривични дела Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против 34-годишен жител на Велешта.
Осомничениот, на 16 септември, при расправија со три лица од Дебар со кои имал од претходно влошени односи, извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и кон еден од оштетените испукал неколку пати во долниот дел од нозете. Му нанел две лесни телесни повреди, а потоа влегол во возилото со намера да избега.
Не ја почитувал наредбата на полициски службеник, кој му наредил да застане и движејќи се наназад со автомобилот го удрил полицаецот на кого исто така му нанел телесна повреда.
При увидот се пронајдени нож и метална шипка, па се преземаат и дополнителни дејствија на проверки со цел да се испита нивната употреба во настанот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
15-годишник претепан од маж во Карбинци

Малолентик бил претепан од 73-годишен маж во Штипско, информира полицијата.
СВР Штип поднесе кривична пријава М.С.(73) од с.Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „насилство врз дете“.
На 21.08.2025, пријавениот физички нападнал 15-годишно дете и му нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
Црна хроника
Пензионер нападнат од сопругата во Аеродром

Седумдесет и тригодишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од сопругата во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавата, по претходна расправија жената употребила тврди предмети и му се заканувала со остар предмет.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.