Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведен дилер
На 30.11.2022 во Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А. Л. (26) од Кичево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена бела прашеста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна 16-годишен штитеник од установа за згрижување деца
Вчера во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(16) од Куманово, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Полицаец агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга, ја влечел за раката и ѝ упатил закани
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.К. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при вршење на семејно насилство“ по член 144 став 3 од Кривичниот законик, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради постапување спротивно на член 26 став 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и изрече задолжителни мерки одземање на оружјето.
Имено, на 31.01.2024 во Прилеп, пријавениот М.К. агресивно се однесувал кон неговата поранешна сопруга, ја влечел за раката и ѝ упатил закани.
Црна хроника
Тешко повреден Грк, со „опел“ удрил во две возила во Дојран
Вчера во 21.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во село Сретеново, општина Стар Дојран, патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин Р.Н.(70), удрило во паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки и во патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин А.Л.(61).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.