Црна хроника
Приведени шверцери од Кавадаречко, пронајдени пет мигранти од Конго
Денеска, околу 2.10 часот, на регионалниот пат 1102, кај клучката кај Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско дале знак за запирање две возила „бмв“, со кавадаречки регистерски ознаки, но тие не ја почитувале наредбата и продолжиле со движење на возилата.
Набргу, по преземените мерки од страна на полициските службеници, биле лишени од слобода С. Ѓ. (23) од Кавадарци и Р. С. (22) од село Бојанчиште, Кавадаречко, кои ги управувале возилата, а нешто подоцна, околу 3.10 часот, при проверка на теренот биле пронајдени 5 мигранти од Конго.
Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

