Црна хроника
Приведен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, примал поткуп
Полициски службеници од ОВР Демир Хисар во содејство со криминалистичката полиција на СВР Битола денеска (30.10.2023) на патот меѓу с.Света и с. Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го лишиле од слобода Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп”.
Д.Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, а за возврат да не постапи односно да не санкционира незаконско работење.
Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола и му биле дадени крим-технички обработени пари, кои тој денеска му ги дал на Д.Т..
Веднаш откако му биле предадени парите, Д.Т. е лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

