Црна хроника
Приведен крадец во Велес, со употреба на алат влегол во два продажни објекта
На 1.3.2023 година полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С. М. (45) од Штип. Тој се сомничи дека извршил две тешки кражби во два деловни објекта во Велес.
Со употреба на сила и погоден алат тој влегол во два продажни објекта, при што одзел пари и други производи.
С. М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со пушка пукал кон ловечко куче и го усмртил: кривична за 83-годишен маж
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83) од струшкото село Мислешево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено на 02.11.2024, тој со ловечка пушка, која ја поседувал со дозвола, пукал кон ловечко куче, сопственост на Д.П. од истото село и го усмртил.
Црна хроника
Со закана од оружје сакал да краде во продавница на патот Струга – Дебар, па се исплашил и побегнал
Синоќа во 19.30 часот во ОВР Струга, пријавено е дека во продажен објект на магистралниот пат Струга – Дебар, едно лице со закана со огнено од оружје се обидело од вработената да одземе пари, но кога почнала да бара помош, лицето се откажало и заминало од местото.
Увид извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Турција на граничниот премин Деве Баир, приложил фалсификувана возачка
Вчера, во 9.30 часот, на граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 52-годишниот Ч. Ј. од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола.
Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Крива Паланка, а Ч. Ј. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.