Црна хроника
Приведен крадец, украденото ќе биде вратено на сопственичката
Денеска (19.04.2023) полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Џ.Л. (34) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело тешка кражба од возило “тојота” на подрачје на Карпош.
Џ.Л. е приведен во полициска станица, а украденото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криумчар на мигранти
Вчера во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.Н.(23) од Бангладеш, кој водел група од осум лица мигранти од Непал.
Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.
Црна хроника
Шест лица повредени во сообраќајна несреќа кај Дебарца
Вчера во 09.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Врбјани, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(39) од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(72) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора“ Ф.И., како и возачот на патничкото возило „фолксваген пасат“ и неговата сопатничка В.Д. додека со телесни повреди се здобил возачот Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Црна хроника
Ограбена градинка во Чаир
Ограбена е Детската градинка „11 Октомври“, на подрачјето на Чаир.
„На 18.01.2025 со употреба на сила било влезено во установата и биле одземени предмети“, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.