Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од три и пол години
Денеска, во 12.10 часот, на подрачјето на Карпош полицијата го приведе А. Ј. (28) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 237 став 3 во врска со став 19 од Кривичниот законик.
Лицето е предадено во Полициската станица Карпош по што ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатени дрвокрадци во Прилеп, со „лада“ носеле дрва и моторни пили
Во атарот на село Степанци, на местото „Црници“ во Општина Чашка, вчера од страна на полициските службеници од СВР Велес беа затекнати 64-годишниот И.Ш. и 33-годишниот Е.А, двајцата од Прилеп, кои пренесувале дрва без соодветна документација.
Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, од нив било одземено патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва и две моторни пили.
Од СВР Велес, најавија дека по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
При контрола на угостителски објекти за дрога се приведени девет лица
Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по план на СВР Скопје ивршија контрола во повеќе угостителски објекти, при што лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога.
Како што соопштија од МВР, при преглед кај К.Л. (31), П.З. (31) и Б.Д. (30) пронајдена е бела прашкаста материја, кај Г.Џ. (30), Л.М. (22), Ж.Ј.(33), А.Ш. (27) и А.Н. (22) пронајдена е марихуана, а кај А.Б. (24) пронајдена е дробилка со марихуана.
Од МВР потенцираат дека при контролата е извршено легитимирање и преглед на 59 лица и пет патнички возила.
Црна хроника
Улично куче искаса маж во Скопје
Маж бил каснат од улично куче во Скопје, а настанот го пријавил во полициската станица во Ѓорче Петров.
„На 24.05.2024 во 08.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.Н.(53) од Скопје пријавил дека на ул. ‘Исаија Мажовски’ во Скопје бил каснат од куче скитник“, соопшти МВР.