Црна хроника
Приведен криминалец од Струшко баран со потерница

Приведен 32-годишен криминалец баран со потерница за издржување казна затвор.
„Полициски службеници од Полициското одделение Велешта вчера го приведоа А. А. (32) од струшкото село Подгорци, кој бил баран со потерница од Основниот суд во Струга за издржување казна затвор во траење од две години“, соопшти МВР.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Струга“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта

Вчера вечер во Штип, полициски службеници го лишија од слобода С.Т.(52) од с.Долни Липовиќ, радовишко.
При сообраќајна контрола на ул.„Маршал Тито“ во Штип е сопрено патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,27 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Прегазено 13-годишно девојче во Скопско, возачот избегал

Тринаесетгодишно девојче вчера било удрено со автомобил во скопско Батинци, а возачот избегал.
Според информациите на МВР, вчера околу 09 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и село Батинци, скопско, патничко возило удрило во малолетничка од село Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Планинари од Германија и од Холандија се изгубиле на границата со Косово

Двајца планинари од Германија и Холандија се изгубиле на границата помеѓу Македонија и Косово.
Според информациите на МВР, вчера во 19.31 часот во Секторот за меѓународна полициска соработка, од Интерпол Германија е пријавено дека на граничната линија помеѓу Македонија и Република Косово се изгубиле две лица- државјани на Германија и Холандија, кои планинареле во близина на граничната линија.
Известени се СВР Тетово, Центар за управување со кризи и Регионалниот центар за гранични работи Север.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.