Црна хроника
Приведен скопјанец баран со потерница
Приведен е скопјанец баран со централна потерница за издржување затворска казна за кражба.
Т. К. (49) бил пронајден и приведен денеска во 14.45 часот на улицата Христо Татарчев во Скопје.
Тој бил предаден во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и спровод во казнено-поправна установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен скопјанец по тепачка во Кисела Вода, имал 1,85 промили алкохол во крвта
Полицијата приведе 40-годишен маж од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир во скопската општина Кисела Вода.
Инцидентот се случил синоќа, околу 00:10 часот, кога В.Т. се физички пресметал со 39-годишниот Г.К. од Вевчани. Полицијата интервенирала на местото на настанот, а при алкотестирање било утврдено дека скопјанецот имал 1,85 промили алкохол во крвта.
Лицето е приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје
22-годишна жена од општина Росоман, која живее во Скопје, пријавила во полиција дека била физички нападната од својот вонбрачен партнер.
Инцидентот се случил на 31 октомври околу 13 часот во семејниот дом во скопската општина Шуто Оризари. Според пријавата, младиот маж, исто така на 22 години, ја нападнал користејќи и тврди предмети.
Жената го пријавила насилството истиот ден, околу 19:50 часот, во СВР Скопје.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра
66-годишен жител на тетовско село пријавил во полиција дека бил измамен од лице со иницијали С.Н., кое му побарало пари за наводно посредување при добивање социјална помош.
Според пријавата, измамата се случила во јуни годинава, кога осомничениот му кажал дека неговата сопруга работи во Центарот за социјални работи во Тетово и дека е член на комисија за доделување помош по основ на „туѓа нега“. Му ветил дека за еден месец ќе ја добие помошта, но најпрво побарал 250 евра за „завршување на работата“.
По исплатата, измамникот престанал да му се јавува и не ја исполнил ветената услуга.
Случајот е пријавен во СВР Тетово на 31 октомври, а полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

