Црна хроника
Приведен скопјанец кај кого е пронајденa наркотичнa дрогa
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност поднесе кривична пријава против лицето Е.А.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по Кривичниот законик.
На 23.3.2021, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОСОСК и СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле предмети поврзани со нелегална трговија со дрога, велат од МВР.
Од таму додават дека претресот во домот на Е.А. е дел од дополнителните мерки преземени во врска со реализираниот случај од почетокот на март 2021, во кој биле запленети 390 кг и 379 грама марихуана, а за кој веќе е поднесена кривична пријава против Д.Н.(47) од Скопје.
На Е.А., од судија на претходна постапка, му е одредена мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возел со 188 килoметри на час на место каде е дозволено 100: уапсен маж од Охридско
Вчера во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија.
При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Се скарале па го изболе со нож: уапсени двајца мажи од Кичево
Вчера во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево.
Тие се сомничат дека околу 13:30 часот, кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на селото Трапчин дол, кичевско, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево.
Тој, по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
При претреси во нивните домови, извршени по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа ножеви, додека кај Ј.Д. се пронајдени шприц исполнет со течна кафеава материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Тешко повреден 19-годишен скопјанец откако паднал од трет кат на куќа во Илинден
Тешко повреден 19-годишен скопјанец откако паднал од трет кат на куќа во општина Илинден.
Инцидентот се случил вчера вечер околу 20 часот, кога младиот човек, кој бил на гости кај роднини заедно со својата мајка, паднал од третиот кат на куќа во Илинден. Според првичните информации, тој имал здравствени проблеми.
По падот, 19-годишникот се здобил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што лекарите ја констатирале сериозноста на повредите.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.

