Црна хроника
Прилепчанец силувал 13-годишно дете – судот му одреди притвор
На 40-годишен прилепчанец му е определена мерка притвор поради полов напад врз малолетно дете, кое не наполнило 14 години.
„Осомничениот на 20.10.2020 година, околу 20 часот, во дворот од семејната куќа на родителите на оштетеното дете во Градско, врз оштетеното дете, кое имало 13 години, извршил други полови дејства“, соопшти Обвинителството.
Според информациите, осомничениот нема постојано живеалиште и престојувалиште, односно престојува кај свои роднини или пријатели во зависност од местото каде што ќе биде повикан да работи поради што и не се јавуваше на поканите за негово испитување, а нема ниту постојано вработување.
Овие околности, како што се наведува, укажуваат на опасноста од бегство поради што Основното јавно обвинителство Велес до судија на претходна постапка на Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

