Топ
(Видео) Притвор за албански државјанин кој пренесувал дрога на Богородица
На триесет и седумгодишен албански државјанин определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена, поради постоење основано сомнение дека неовластено преку граница пренесувал наркотична дрога марихуана во количина од над 130 килограми.
Осомничениот дрогата ја пренесувал со товарно моторно возило „волво“ со албански регистарски ознаки и со полуприколка „кроне“, со албански регистарски ознаки, соопшти Царинската управа.
На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, тој одговорил дека возилото што го управува е празно и дека патува од Албанија преку Македонија за Турција, каде треба да утовари стока.
„Царинските службеници извршиле контрола на возилото, при што во дрвените странични даски што ја држат церадата од полуприколката (во специјално изработен простор во внатрешноста на даските), се пронајдени вкупно 323 пакувања завиткани со прозирна најлонска фолија, наполнети со марихуана со вкупна тежина од 130 килограми“, соопшти директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.
Од Царинската управа додаваат дека вредноста на запленетата дрога на црниот пазар при продажба на мало би изнесувала 390 илјади евра.
Од почетокот на 2018 година, во пет случаи на повеќе гранични премини запленети се 472 килограми марихуана. Ова е втор поголем случај на заплена на дрога, претходно на 28 јануари 2018 година на граничниот премин Богородица, на влез во Република Македонија запленети беа 310 килограми марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството
Во врска со тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патот Прилеп – Росоман, во близина на Плетвар, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп вечерва изврши увид на лице место.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Од ударот две лица го загубиле животот, меѓу кои и возачот на едното возило, додека петмина се здобиле со повреди и биле пренесени во болниците во Прилеп и Кавадарци.
Јавниот обвинител издал наредби за прибирање на траги од местото на настанот, како и за сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобили со цел утврдување на причините за несреќата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други супстанции.
Надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расветлување на околностите под кои се случила трагедијата.
Топ
Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени
Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Во незгодата повредени се пет лица, од кои три се пренесени во болницата во Прилеп, а две во болницата во Кавадарци. Лекар констатирал смрт кај две лица, соопшти МВР.
Од 18 часот сообраќајот на овој потег се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.
Полицијата врши увид, по чие завршување јавноста ќе биде дополнително информирана за деталите од несреќата.
Топ
Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат.
Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување.
Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која иако знаела, ниту го пријавила, ниту го спречила осомничениот во дејствијата. Со тоа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати барало помош од неа.
Предметниот јавен обвинител предложи на осомничениот очув да му биде определена мерка притвор, додека за осомничената мајка се предложени мерки на претпазливост. Јавниот обвинител ќе се координира со Центарот за социјални работи за да се преземат дејствија за згрижување на трите малолетни деца во семејството, вклучувајќи ја и жртвата.

