Црна хроника
Притвор за дилери на дрога од Гостиварско
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица, жители на гостиварски села, на возраст од 32, 24, 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Четворицата осомничени заеднички се договориле да набават дрога и мерејќи ја на дигитaлна вага, да ја распоредат и да ја продаваат во Гостивар. На 9.9.2020 при полициска акција пронајдена е дрогата во вкупна нето-маса од 25 грама, заедно со дробилки за мелење на дрогата и дигиталната вага. Марихуаната била распоредена во повеќе пакувања и скриена кај осомничените и во вулканизерска работилница на еден од осомничените во с. Здуње.
Поради околностите што укажуваат на постоење опасност од бегство на осомничените, опасност дека ќе го повторат кривичното дело и дека ќе влијаат на сведoци, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените. Судот со решение на четворицата осомничени им определи притвор во траење од по 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

