Црна хроника
Притвор за кумановец заради обид за силување на 76-годишна жена
Кумановското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против кумановец, на возраст од 38 години, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело– Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот Законик.
Кривично правниот настан се случил на 27.08.2020 година, околу 12,00 часот во Куманово, кога осомничениот со употреба на сила се обидел да ја присили на обљуба оштетената 76-годишна кумановка. Откако осомничениот забележал дека оштетената живее сама, влегол во нејзината куќа, по што се обидел да го изврши делото. Откако не успеала физички да го оттурне од себе, оштетената го спречила во обидот велејќи дека доаѓа нејзината ќерка, па осомничениот се оддалечил кон излезот.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово по донесување на наредбата за спроведување истражна постапка, за осомничениот до надлежниот суд поднесе Предлог за определување на мерката притвор поради опасност од бегство и довршување на кривичното дело. Судијата на претходна постапка изврши распит на осомничениот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
Црна хроника
Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Топ
Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

