Црна хроника
Пријава за велешанец кој извршил разбојништво врз мигранти

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Д.(21) од Велес, поради разбојништво. На 09.06.2020 пријавениот додека се движел со патничко возило „хјундаи пони“ заедно со малолетник од Куманово, во близина на с.Караслари ги забележале А.С.Н. и Ј.А. од Авганистан како се движеле по автопатот од Грција кон Србија.
Им понудиле да ги транспортираат до границата со Србија за 200 евра и оштетените влегле во возилото, по што се упатиле кон стариот пат за Велес. Во еден момент пријавениот го сопрел возилото и побарал уште 200 евра за да стави гориво. Оштетените не се согласиле поради претходниот договор, а пријавениот и малолетникот физички ги нападнале и им се заканиле дека ќе извадат оружје. Потоа тие им дале 200 евра, а во тој момент од страна на оштетените бил одземен мобилен телефон кој бил сопственост на братот на пријавениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.