Црна хроника
Пронајдена марихуана во Тетовско, приведени две лица

Полицијата во Тетово пронашла марихуана при претсрес на возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблички.
Од МВР информираат дека Полициското одделение Камењане ги лишило од слобода Ј. З. (23) од Тетово и М. М. (30) од с. Џепчиште, Тетовско, затоа што при преглед кај нив и во возилото во кое се превезувале била пронајдена марихуана.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Откриени дилери, чувале дрога во импровизирани бункери во Бутел

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека вршеле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Во временскиот период од ноември 2024 година до март 2025 година, осомничените скопјани на возраст од 20, 26 и 21 година, како и други за сега непознати лица, заедно, заради продажба кај себе и на неколку локации низ Скопје, во импровизирани бункери во општина Бутел, чувале опојна дрога марихуана и амфетамин.
Полициски службеници при извршени осум претреси на различни локации пронашле над 800 грама марихуана, помало количество амфетамин и други предмети со траги од дрога. Со извршените вештачења на папиларни линии и ДНК материјал на пронајдената скриена наркотична дрога, потврдени се траги од осомничените.
За сите тројца јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.
Црна хроника
Маж пронајден починат во возило на улица во Радишани

На 30.03.2025 во 16.24 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Радишани, во патничко возило „мерцедес“, сопственост на правно лице, бил пронајден починат С.М.(71) од Скопје.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Црна хроника
Приведен малолетник, бил сопрен од полицаец, па го стартувал мопедот и удрил во него

Малолетник синоќа е лишен од слобода откако со мопед удрил полицаец.
Малолетникот бил сопрен за контрола од полициски службеници на ОВР Неготино, но го стартувал мопедот и удрил во еден од нив.
Притоа, повторно бил сопрен и при преглед во неговиот мопед била пронајдена и одземена зелена растителна материја.