Црна хроника
Радовишанец со камион удрил во кабина на Табановце, повреден еден полицаец

На Граничниот премин Табановце, на лентата за пасошка контрола, товарно моторно возило со радовишки регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Радовиш, а управувано од К. Г. (55) од Радовиш, удрило во покривната конструкција од кабината од пасошката контрола и целосно ја оштетило.
Од искршените стакла повреди на левата рака добил полициски службеник што работел на пасошка контрола во кабината. Тој бил пренесен во Општата болница Куманово, каде што му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.