Црна хроника
Санкционирани возачи поради вршење превоз без лиценца, несоодветна документација
Од страна на Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на наплатна станица Глумово, запрено е товарно моторно возило “мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Ќ.Р. од Гостивар.
Од извршената контрола, утврдено е дека истиот превезува огревно дрво( со соодветна документација), но не поседува лиценца за вршење на јавен превоз на стока. За истото од страна на Мобилната единица за компезаторни мерки е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 500 евра.
Исто така, денеска на наплатна станица Глумово, запрено е товарно моторно возило “ман” со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице од Желино а управувано од Ш.Љ. од Тетово. Од извршената контрола, утврдено е дека возачот ја нема потребната документација, односно нема патен налог и товарен лист. Од извршените дополнителни проверки, исто така е утврдено и дека тахографот на возилото е небаждарен, по што за истото е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 3.900 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазена 56-годишна скопјанка: ја удрило „порше“
Вчера околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

