Топ
Се запознале преку Фејсбук, ја намамил да дојде од Германија и ја држел затворена, приведено момче од Трубарево
Вчера во 15.00 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Е.А.(22) од с.Трубарево, скопско, постапувајќи по пријава од В.С.(25) од Р.Германија, според која по претходна комуникација на социјална мрежа со Е.А., таа дошла во Скопје, а тој ја однел во неговиот дом во с.Трубарево, ѝ го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и не ѝ дозволувал да си оди.
При претрес извршен од страна на полициски службеници од Одделението за насилен криминал при Единицата за насилен криминал од СВР Скопје, по добиена судска наредба, во домот на пријавениот биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.
Е.А. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пет години странски јазици се учат без учебници, четворица министри не успеаја да ги обезбедат
Петта по ред учебна година учениците од основните училишта учат странски јазици без учебници. Министерството за образование и оваа година не успеа да ги обезбеди, но новата министерка Весна Јаневска уверува дека ќе ги има за следната учебна година. Нејзиното ветување е исто како и ветувањата што ги даваа нејзините претходници – Јетон Шаќири, кој раководеше со Министерството од јануари 2022 година до јуни 2024 година, Мила Царовска, која беше министерка од јануари 2020 година до јануари 2022 година, и Арбр Адеми, кој беше на чело на Министерството за образование од јуни 2018 година до јануари 2020 година. Сите ветуваа учебници, меѓу другите, и за странски јазици, но учебници за учениците нема.
Наставниците по странски јазици соочени уште на почетокот и на оваа учебна година без учебници велат дека се снаоѓаат за да им го предадат предвидениот материјал на учениците. Не сакаат да зборуваат јавно оти стравуваат за работните места, но се жалат дека некогаш се заглавуваат и цел час во диктирање на лекциите за учениците да имаат од што да учат.
Министерката Јаневска во неколку наврати досега изјави дека учебниците по странски јазици не се одобрени оти не биле квалитетни. „Макфакс“ побара конкретно објаснување од Министерството за образование зошто нема учебници по странски јазици. Кабинетот на министерката вината ја префрли на претходното раководство на Министерството за образование, без да прецизира каков е проблемот во предложените учебници за странски јазици.
„Веќе петта година по ред недостигаат учебници за странски јазици од прво до деветто (англиски од прво до деветто – прв странски јазик; француски, германски и руски од шесто до деветто – втор странски јазик, италијански за шесто – втор странски јазик). Претходното раководство во МОН ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза, која сѐ уште трае, односно се чека одговор од второстепена комисија. По нејзиното завршување, ќе биде повторно објавена и спроведена во согласност со законските прописи и целосно транспарентно“, велат од кабинетот на министерката Јаневска за „Макфакс“.
Од таму не одговорија на конкретното прашање дали е можно учебниците да бидат набавени за второто полугодие, но наведоа дека сите учебници по странски јазици ќе бидат обезбедени за следната учебна година.
Ваквото ветување е небулоза за вишиот просветен инспектор во пензија, Ѓорѓи Илиевски. Не петта, туку седма година по ред министрите за образование манипулираат со учениците, наставниците и со родителите кога се работи за обезбедување учебници за странските јазици, смета поранешниот инспектор Илиевски.
„Четворица министри даваат исти ветувања, а учебници нема. Образованието е на невидено дно. Повеќе од очигледно е дека министрите манипулираат и шпекулираат оти во прашање се седум, не пет години, како што вели новата министерка. Оправдување за ненабавен учебник може да се случи за еден-два месеца доцнење, но ние зборуваме за седум години. И новата министерка имаше доволно време, ако не за почетокот на учебната година, тогаш за второто полугодие да ги обезбеди и овие учебници, но такви најави нема. Таа од самиот почеток зборува дека ќе ги обезбеди за следната учебна година. Очигледно е дека тендерите беа и останаа проблем во Министерството. Што правеа досега Националната комисија за учебници, Педагошката служба во Министерството, Бирото за развој на образованието и сите досегашни министри што не успеаја да се усогласат за учебниците по странски јазици?“, вели поранешниот инспектор Илиевски за „Макфакс“.
Прирачник по странски јазици за наставници и за ученици е решение кога нема учебник, но и таков нема
Кога веќе знаеле дека и оваа година ќе нема учебници, Илиевски вели дека можеле да најдат привремено решение, како што досега било пракса со оние учебници што од разни причини не можеле да им бидат на располагање на учениците.
„Министерката итно треба да го задолжи Бирото за развој на образованието да подготви прирачник за странски јазици за учениците и за наставниците, кој би можеле да го користат до второто полугодие од оваа учебна година, време што е доволно за да се обезбедат и учебниците“, рече поранешниот инспектор Илиевски.
Бирото за развој на образованието вината за немањето учебници по странски јазици посочува дека треба да се бара кај Педагошката служба во Министерството за образование, надлежна за спроведување на постапката за набавка на нови учебници.
„Во поглед на прашањето за учебниците, сметаме дека тие се важно дидактичко средство првенствено за учениците како поддршка во процесот на совладувањето странски јазик и дека учениците треба да имаат учебник, но тој не треба да биде единствениот ресурс во наставниот процес. Притоа истакнуваме дека изборот на учебници, па и на оние по странските јазици, е во надлежност на Педагошката служба при Министерството за образование и наука, која во законски утврдена процедура, во согласност со Законот за учебниците за основно и средно образование, ја спроведува целата постапка за набавување учебници“, велат од Бирото за развој на образованието.
Бирото за развој на образованието изработило нови наставни програми за странски јазици во 2021 година. Тие, како што објаснуваат, содржат и јасни стандарди за оценување, како и предлог-активности, кои наставниците може да ги преземат од наставната програма, да ги модифицираат или да предвидат активности по свој избор, како и содржини за дискусија, соодветни на постигнатото јазично ниво.
„Бирото за развој на образованието како институција што ги изработува и на министерот му ги предлага наставните програми во согласност со своите законски надлежности спроведе обуки за новите наставни програми за странските јазици, со кои ги опфати сите наставници што реализираат настава по странски јазик. Во текот на обуките беа дадени јасни и детаљни насоки како да се изработуваат планирањата на наставата и нејзината реализација, беа понудени примери за планирања од страна на советниците од Бирото, извори за користење дополнителни ресурси потребни при реализација на наставата, особено дигиталните ресурси, од видот на платформи, линкови и слично“, велат од Бирото за развоја на образованието за „Макфакс“.
Од Бирото уверуваат дека советодавната поддршка за наставниците од страна на нивните советници е континуирана. Изминатиов период успеале да направат и контроли за квалитетот на наставата.
„Спроведени се советодавни посети кај наставниците што реализираат настава во согласност со новите наставни програми, со цел да се утврди квалитетот на наставата и притоа е констатирано дека повеќето од наставниот кадар многу успешно ја реализира наставата по странски јазици користејќи дополнителни материјали, дигитални содржини преку паметни уреди и слично“, објаснуваат од Бирото за развој на образованието.
Пензионираниот инспектор Илиевски вели дека од ваквата состојба во јавните училишта ќаруваат приватните училишта за странски јазици оти сите што можат да си дозволат ги запишуваат децата на курсеви по странски јазици.
(Продолжува)
Со овој текст „Макфакс“ се приклучува на иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од британската амбасада.
Топ
Осуденик пронајден починат во затвор во Скопје
Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во притворското одделение, во просторијата во која престојувал, бил пронајден починат осуденикот В.В.(36) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги од насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Македонија
(Видео) „Пендаровски, кога глумеше скромен, рече дека ќе ангажира тројца вработени за потоа да бара средства за четворица“, вели Јаревски
„Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица. Два месеци откако Пендаровски замина oд функцијата, тој побарал покрај 3те редовно ангажирани лица, да му се одобрат финансиски средства за ангажирање на 4-то лице“, вели Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сумата која Пендаровски ја барал за ангажирање на 4тото лице е 51.000 денари.
Стево Пендаровски ги манипулира граѓаните и лажно се претставува за скромен, а всушност бара повеќе пд тоа што јавно се го изјавуваше.
Стево Пендаровски е истиот како кога беше претседател.
Стево Пендаровски ги менува ставовите по потреба“, изјави Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.