Црна хроника
Се испитуваат причините за смртта на двајцата градежници во Кавадарци
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде што утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот.
Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години.
Во несреќата не се повредени други лица. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби.
Со цел утврдување на причините за несреќата ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и материјални докази за испитување на сите околности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнат вработен на наплатна рампа „Петровец“: напаѓачот ја скршил рампата и побегнал
Утрово во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Загина маж од Паланечко: изгубил контрола и паднал од мопед
Вчера во 11:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на локалниот пат во с.Дурачка Река, кривопаланечко, кај место викано „Мушкаричина бавча“, 83-годишниот К.М. од с.Кошари, кривопаланечко, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на Судска медицина за обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
Возел со 188 килoметри на час на место каде е дозволено 100: уапсен маж од Охридско
Вчера во 16:20 часот на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Л.(29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија.
При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на место, каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

