Црна хроника
Поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба во општина Маврово Ростуше
Раководител на одделение за урбанизам во општината Маврово Ростуше ги пречекорил службените овластувања и на 2.10.2014 година, по свое лично поднесено барање, завел предмет кој не постои во архивата на Општината, па изготвил извод од план за населбата Маврови Анови со невистинита содржина и спротивен на урбанистичкиот план за населбата. Истиот го употребил за приватизација на градежно земјиште без надоместок со што направил штета на државата за 1.248.450 денари, соопштија надлежните.
Поради ова основното јавно обвинителство од Гостивар поднело обвинителен акт против едно лице за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Имено, обвинетиот, како службено лице – раководител на одделение за урбанизам во општината Маврово Ростуше, ги пречекорил службените овластувања и на 2.10.2014 година, по свое лично поднесено барање, завел предмет кој не постои во архивата на Општината, па изготвил извод од план за населбата Маврови Анови со невистинита содржина и спротивен на урбанистичкиот план за населбата.
Изводот од планот за три катастарски парцели во Никифорово, со вкупна површина од 203 м2, го употребил за приватизација на градежно земјиште без надоместок, по основ на поранешна сопственост.
По поднесеното барање, врз основа на лажните документи, парцелите биле впишани на име на обвинетиот, со што била оштетена државата за 1.248.450 денари, а друго оштетено лице на кое парцелите му следувале согласно вистинскиот урбанистички план, било оневозможено да ги приватизира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.