Црна хроника
Сообраќајка на патот Кочани-Делчево, едно лице се бори за живот
Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на патот Кочани-Делчево, во близина на Калиманци. Идентитетот на повредениот засега не е познат.
Несреќата се случила во 15 и 50 часот помеѓу камион „мерцедес“ со бугарски таблички и автомобил „опел“ без таблички. Со тешки повреди се здобил возачот на автомобилот кој е пренесен на клиника во Скопје и се наоѓа во критична состојба.
Патот е затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Bo Охрид приведен бегалец од Идризово
Денес на улицата Пере Тошев во Охрид, приведен е Б.И. (35) од селото Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од затворот Идризово поради бегство, информира МВР.
„Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови“, велат од полицијата.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Затвореник од Идризово нападнал чувар
Вчера во просториите на судско одделение во болниц а во Карпош, вработен во затворот Идризово бил физички нападнат од осуденикот А.В.(21) од Кичево, кого го обезбедувал.
Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
МВР: Вработена во казино префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, па играла иако не и било дозволено
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.М.(28) поради затајување.
„На 31.12.2024 во Кочани, пријавената – вработена во казино, во неколку наврати, префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, по што неовластено ги искористила и покрај тоа што не и било дозволено да игра“, велат од МВР.