Контакт

Топ

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

Објавено пред

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните.

dobivaj vesti na viber

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за кривичните дела телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 15 октомври, при вршење семејно насилство во домот во кој живеел во заедница со оштетените, започнал расправија по што ги нападнал оштетените и нанел телесни повреди. Тој побарал парични средства, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со ремен во пределот на грбот и левата натколеница нанесувајќи ѝ телесни повреди.

Кривичното дело загрозување на сигурноста обвинетиот го сторил на штета на неговата ќерка. Тој неколкупати праќал пораки на нејзиниот мобилен телефон со закани кон неа и нејзината мајка.

Јавниот обвинител  поднесе и предлог до Основниот суд Гостивар за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки образовен систем, а за да го создаде, вели дека ќе почне од инфраструктурата.

dobivaj vesti na viber

„Во периодот што е пред нас ќе ја промениме сликата на образованието во Скопје. Во соработка со Владата ќе изградиме две нови современи средни училишта. Едното во Драчево, тоа е нова училишна зграда за средното училиште ‘Браќа Миладиновци’ и другото во Ѓорче, нов објект за училиштето ‘Кочо Рацин’. Тоа ќе бидат модерни, дигитализирани и енергетски ефикасни објекти“, рече Ѓорѓиевски.

Секое училиште Ѓорѓиевски вели дека ќе добие фотоволтаци, нови фасади, термоизолација, паметни системи за следење на потрошувачката, брз интернет во секој училница, паметни табли, проектори и дигитални содржини создадени од наставници и студенти, прочистувачи на воздухот, климатизација и греење, а безбедноста во училиштата ќе ја гарантира преку програми за превенција на насилство, ангажман на училишни полицајци, видеонадзор и едукации за ученици и за родители.

Во програмата за средношколците на Ѓорѓиевски предвиден е и бесплатен оброк за средношколците и наградно патување во Европа за првенците на генерација.

„Со програмата ‘Младински оброк’ ќе обезбедиме субвенциониран оброк за секој средношколец преку картичката ‘Скопје сити гоу’. Ќе воведеме модерни униформи што ќе бидат креирани заедно со средношколците и ќе поттикнуваат еднаквост и достоинство за секој од нив. Воведуваме и бесплатно патување во Европа за првенците на генерација. Девојчињата ќе имаат обезбедени хигиенски производи во училиштата, а за секој ученик обезбедуваме пристап до психолошка поддршка од стручни лица“, вети Ѓорѓиевски.

Со помош на вештачката интелигенција Ѓорѓиевски планира воведување дигитален асистент за секој ученик, кој ќе ги објаснува лекциите и ќе ги заменува, како што рече, скапите приватни часови. Во неколку училишта најави формирање лаборатории за вештачка интелигенција со 3Д-модели и интерактивни симулации, кои наставата ќе ја направат привлечна, динамична и блиска до новите генерации.

Во рамките на програмата за ученици Ѓорѓиевски планира и рестартирање на Планетариумот во МКЦ за кој вели дека ќе стане центар за наука, култура и технологија, каде што децата за астрономијата ќе учат со љубопитност и науката повторно ќе биде достапна, разбирлива и, пред сè, возбудлива за младите.

Во програмата има и училишни младински клубови за уметност, музика, театар и технологија, кои како кариерни центри ќе помагаат во изборот на професијата и понатамошното образование и ќе соработуваат со универзитетите и со фондациите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Објавено пред

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари.

dobivaj vesti na viber

Како што извести Царинската управа, станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки.

Делото е откриено при контроли извршени од страна на инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва, по што случајот е предаден на Одделението за истраги од каде против сторителите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а воедно донесени и се решенија за дополнителна наплата.

Царинската управа најави дека ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Објавено пред

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.

dobivaj vesti na viber

„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.

Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.

Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.

На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.

Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.

Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.

Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 час

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија2 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија3 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија3 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија3 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија3 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија4 часа

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет5 часа

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа6 часа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет6 часа

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион6 часа

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет6 часа

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет17 часа

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија23 часа

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија23 часа

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија23 часа

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија1 ден

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија1 ден

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија1 ден

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...