Топ
Спречен обид за шверц – запленети 2,7 кг сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека
Речиси 2,7 килограма сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека, со вкупна вредност над половина милион денари, се запленети од мобилни тимови на Секторот за контрола и истраги во три контроли на влез во државата на граничните премини Богородица, Блаце и Табановце во текот на изминатиот викенд. Со овие акции е спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од речиси 150 илјади денари.
Во првиот случај двајца сопружници на влез во државата на граничниот премин Богородица се обиделе нелегално да внесат околу 2,7 килограма сребрен накит. Накитот е откриен при контрола на куферите, при што во внатрешните џебови од облеката се пронајдени 37 пакувања со сребрен накит, а во возилото се пронајдени и три сметки од накитот, кои биле на име на сопружникот.
Во вториот случај станува збор за часовници што мобилниот тим на Царинска управа ги откри при контрола на автомобил на граничниот премин Блаце. Часовниците возачот на автомобилот ги скрил во црни кеси, кои ги ставил зад совозачкото седиште.
Друг мобилен тим, пак, на граничниот премин Табановце при извршена контрола на автобус откри и заплени 160 парчиња облека наменета за продажба на македонскиот пазар. Автобусот, кој сообраќал на релација Белград – Скопје, е селектиран за детален преглед, при што под клупите и во фабричката шуплина над задните десни тркала се пронајдени непријавените парчиња облека.
Во случајот на заплена на часовници и облека против лицата се поднесени прекршочни пријави. Во случајот во кој е запленет околу 2,7 килограма сребрен накит против лицето е поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство за кривично дело шверцување по што судот донесе одлука за одземање на накитот, глоба од 2.500 евра во денарска противвредност и заплена на возилото со кое е извршено кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Жената која го усмрти човекот во Волково воопшто не обрнала внимание на пешаците, велат од ОЈО
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.
Македонија
Орце, неговата сопруга и сопругата на премиерот готвеа за бездомните лица во Скопје
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот празник, учествуваа во хуманитарната акцтивност за приготување на повеќе од 250 топли оброци, наменети за најранливите категории сограѓани и поделени во пунктот за бездомници на Црвениот крст.
-Среќата е најголема кога се споделува со другите, од срце! Во пресрет на најубавиот празник, денешниот ден го посветивме на хуманоста. Заедно со сопругата на Премиерот, госпоѓа Рози Мицкоска, мојата сопруга Мартина, познатиот готвач Марк Де Јонг и вредните ученици од средното угостителско училиште „Лазар Танев“, со љубов и посветеност приготвивме повеќе од 250 топли оброци. Тие беа поделени во пунктот за бездомници на Црвениот крст – таму каде што секој гест значи надеж, а секој оброк значи грижа, нагласува Ѓорѓиевски во објавата на социјални мрежи.

Посочува дека во време кога дел од нашите сограѓани се соочуваат со тешки животни предизвици, наша човечка и општествена обврска е да подадеме рака.
-Затоа што хуманоста не е избор, туку темел на едно здраво, солидарно и праведно општество. Овие луѓе ја заслужуваат нашата грижа и почит, но најмногу, дела. Токму затоа, со директорот на училиштето и со Марк се договоривме оваа хумана пракса да продолжи најмалку четири пати месечно, за да помогнеме на што поголем број сограѓани, вели тој.

Ѓорѓиевски посочува дека се обврзува да работат и на обезбедување достоинствена работа за овие лица, како чекор кон полесно надминување на животните потешкотии.
-Малите дела на добрина имаат огромна моќ – да внесат светлина, надеж и верба во луѓето. Особено во време на големи празници, кога топлината на човечкото срце значи најмногу. Искрена благодарност до сите кои беа дел од оваа убава и хумана приказна. Ние ќе продолжиме, со срце, со дела и со верба дека заедно можеме повеќе, вели Ѓорѓиевски.
Топ
Жена со мерцедес усмрти 60-годишен пешак во Скопје
60-годишен пешак загина откако беше прегазен од автомобил мерцедес управуван од 40-годишна жена од Скопје. Несреќата се случила на улицата 100 вечерта на 3 јануари, а смртта на пешакот била констатирана на самото место од лекар од Итната медицинска помош.
Жената веднаш била лишена од слобода од страна на полициски службеници од СВР Скопје. Полицијата го извршила увидот, а се уште се собираат сите податоци за причините и околностите на трагичниот настан.
Случајот ќе биде предаден на надлежните органи за понатамошно постапување.

