Црна хроника
Тешко повреден велосипедист кога во него удрило комбе

Тешки телесни повреди добил 77-годишен велосипедист кога во него удрило комбе.
Според информациите од полицијата, на 23.11.2021, во 10.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ѓорче Петров, на спојувањето со улицата Крсто Раковски, товарно моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ. А. (47) од Берово, удрило во велосипед управуван од Г. М. (77) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Гевгелија, тешко повредена скопјанка

Вчера во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „5 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(25) од Гевгелија и патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.Е.(34) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.Б.Е., констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
Црна хроника
Проголтал пакување со кокаин, па бил пренесен во болница во Охрид: кривична против 30-годишник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.Ј. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.
Тој, на 07.03.2025 во 17.10 часот, од И.Д. од Охрид, набавил кокаин, по што бил пресретнат од полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога.
Притоа, М.Ј. со намера да го спречи пронаоѓањето на опаковката со кокаин како предмет за докажување на кривичното дело, ја проголтал, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.
Црна хроника
Насилство во Струшко: кршел во домот и бил агресивен со семејството

Вчера во 15.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека, Д.М. од струшкото село Враништа, во семејниот дом бил агресивен кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.