Црна хроника
Тешко повреден малолетен пешак од Куманово по удар од автомобил
Вчера, во 15.10 часот, било пријавено дека во Куманово, на улицата 11 Ноември, патничко моторно возило „ситроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т. С. (69) од Куманово, удрило во малолетен пешак од Куманово.
Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсена битолчанка: крадела во продавница
Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 16.00 часот во продажен објект во Прилеп, ја лишиле од слобода Р.И.(41) од Битола.
Таа била затекната при вршење кражба во објектот, при што одзела повеќе производи.
По целосно документирање на настанот против неа ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен крадец од Штип: претепал едно лице, му го оштетил возилото и прозорците од куќата
Вчера околу 00.05 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.П.(37) од Штип.
Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во куќата на В.Д.(58) од Штип, при што физички го нападнал М.К., роднина на сопственикот, со тврд предмет го оштетил неговото возило, како и неколку прозорци од куќата.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Едно лице тешко повредено при судир на „мерцедес“ и „шевролет спарк“
Во Полициската станица Кочани вчера околу 14.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат А3, кај крстосница База Гранит – Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(22) од с.Грдовци, кочанско и патничко возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(41) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.С., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.