Црна хроника
Тешко повреден 20-годишник од Радовиш, изгубил контрола над мотоциклот и паднал
Вчера попладне околу 17.45 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Велес, во близина на археолошки локалитет „Стоби“, 20-годишниот Д.И. од Радовиш управувајќи мотоцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, извести МВР.
– По несреќата, возачот е пренесен во Општа болница-Велес каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.