Топ
Тројца повредени во сообраќајка помеѓу трактор и комбе на патот Градско-Прилеп
Три лица се тешко повредени, меѓу кои и 17-годишник, во сообраќајка на патот Градско-Прилеп, помеѓу трактор и комбе.
Во незгодата, возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Х.М.(18) и уште еден сопатник на возраст од 17 години, констатирани во Градската болница Прилеп, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Трагедија во Делчево: се запали куќа, загина 37 годишен маж
Пожар изби во селото Чифлик, Делчево утрово, пришто едно лице го загуби животот.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, противпожарните екипи интервенирале од 5 до 9 часот, а куќата целосно изгорела.
„Најдено е целосно изгорено машко тело родено 1988 година кое живеело само и имало здраствени проблеми“, информираа од ЦУК.
Телото е однесено на обдукција.
Причина за пожарот е непозната.
Македонија
Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни
Триесет лица, од кои пет неподвижни, се евакуирани од домот за стари лица, што се запали во селото Чемерско, Кавадарци.
Според првичните информации, првин се запалил оџакот, а од него и покриовот на домот.
Сите 30 станари во доморт се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ќе бидат сместени во Општата болница во Кавадарци, соопшти Центарот за управување со кризи.
Пожарот го гаснеа 10 пожарникари со 3 противпожарни возила. На терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски возила со 8 полицајци.
Македонија
Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје
Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода и Капиштец утрово се без парно греење.
Од „ЕСМ снабдување со топлина“ информираа дека, поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа, е намалена испораката на топлинска енергија.
„Екипите на ‘Дистрибуција на топлина’ се на терен и активно работат на изолирање на проблемот со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовното снабдување со топлина до потрошувачите“, информираат од ЕСМ.