Топ
Тројца починати на лице место, возачот на камионот повреден во сообраќајката на патот Припеп-Битола
Tри лица загинаа, а еден е повреден во сообраќајната несреќа што утрово после 7 часот се случи на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на селото Лагово.
Во сообраќајката учествувале патничко возило марка „тојота“ со прилепски регистарски таблички што се движело во правец кон Битола и камион што се движел во обратен правец кон Прилеп.
Eкипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат пожарот во возилата предизвикан од нивниот директен судир.
„На 03.10.2024 во 07.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво”со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Р.(51) од Битола . Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници во истото. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп . Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп . Од 08.00 часот сообраќајот на патот А3 Прилеп- Битола кај с. Лагово е затворен за сообраќај во двата правци“, известија од МВР.
И од АМСМ известија дека е случена сообраќајна незгода во 08,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучката„Лагово“, а патот е затворен за сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот
Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.
-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР – Велес.
Топ
Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток
Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа Тик Ток, е расчистен и ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.11.2025 во полициската станица Струмица, 42-годишен маж од струмичко пријавил дека пред околу една недела неговиот малолетен син бил жртва на насилно однесување од страна на четири малолетни лица, кое било снимано и објавено на Тик Ток.
По пријавувањето, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за расчистување на настанот. Инволвираните малолетници биле повикани во полициската станица, каде се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица биле запознаени со случајот. По целосно документирање, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.
Македонија
Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни
Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на 1 ноември во селото Црнеец во близина на Стрежево, тие заради користољубие грубо ги злоупотребувале и ги изложиле на непотребни маки кучињата.
Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од Косово, Грција и Македонија, кои полициските службеници ги затекнале на лице место и кај кои биле пронајдени парични средства во различни апоени на евра и денари наменети за обложување.
Како резултат на борбата, со особено тешки повреди се здобило кучето од расата пит бул, кое имало угризни рани со различна големина, тешки повреди на главата и видливи знаци на трауматски шок.
Доказите обезбедени до овој момент упатуваат на сомненија дека се работи за организирана операција за која бил подготвен ринг за борби за кучиња во кој се пронајдени траги кои укажуваат дека вакви борби се случувале и друг пат, како и лекови за пружање прва помош на повредени кучиња.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата македонски државјани.
Доколку двајцата странски државјани кои се во бегство од моментот на сторување на делото, не бидат обезбедени до почетокот на судската постапка, јавниот обвинител ќе предложи нив да им се суди во отсуство.

