Топ
Труење од таблети доби 3-годишно дете во Куманово, испило поголема количина
Тригодишно дете се затруло од таблети. Случајот во полицијата го пријавиле лекарите од кумановската Општа болница, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера, во 17:08 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено тригодишно дете од Куманово кое било затруено откако испило поголема количина таблети, соопшти полицијата.
На местото излегле полициски службеници од СВР Куманово кои преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Ја повредил сопругата со остар предмет, а претходно се обидел со шприц насилно да и стави непозната течност во устата: уапсен маж од струмичко
Вчера во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на тоа село.
Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
Топ
(Фото) Петмина уапсени на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства
Вчера во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода 34-годишниот Ј.Ќ. од Гевгелија.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.

Вчера во 10:40 часот во село Негорци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.С.(58), кој престојува во село Давидово, гевгелиско. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени две пакувања со марихуана, една воздушна пушка калибар 5.5 мм, за која немал соодветна потврда од надлежен орган за поседување на истата и 42 парчиња пиротехнички средства.

Исто така вчера, во 20:15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш ги лишија од слобода Д.М.(24) од Струмица, К.Ц.(23) од Струмица и Д.М.(44) од село Раклиш. При преглед на лицата, кај Д.М. (24) од Струмица биле пронајдени пакување со жолта прашкаста материја и пакување со марихуана.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Регион
Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски, 28 години по убиството, живее во Грција и издава соби
Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна затворска казна за убиство што го извршил пред 28 години во земјата по што побегнал во Грција, јавуваат грчките медиуми.
Тој беше притворен и уапсен во Катерини во мај по европска потерница. Судските власти од Македонија бараа негова екстрадиција за да издржи 15-годишна затворска казна за убиство од ноември 1997 година врз 37-годишниот Сеат Ибраими.
Злосторството било извршено среде бел ден во центарот на Скопје. На убиството му претходела кратка автомобилска брканица на скопските улици по што Ибраими, возејќи „мерцедес“, излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“ на улицата 11 Октомври. Боцевски застанал зад него, излегол од возилото и го застрелал Ибраими со повеќе истрели.
„Тој самиот, преку своите адвокати, изјави дека во тоа време служел во личната гарда на тогашниот претседател на земјата, Киро Глигоров, и тврдеше дека бил цел на напад од политички причини“, пишува „Ин.гр“.
Според неговите тврдења, тој бил затворен 90 дена, а потоа ослободен, по што побегнал со пасош и се населил трајно во Грција.
„Водам бизнис со соби за издавање во Пиерија“, рекол тој, меѓу другото, кога бил повикан да се појави пред Одборот за жалби за време на расправата.
Оценувајќи дека казната застарила поради истекот на 20 години, според грчкото кривично право, судиите на Советот го отфрлиле барањето за негова екстрадиција во Македонија.

