Топ
Уапсен малолетник од Скопје, нападнал 79-годишна жена и ја ограбил

Полицијата привела малолетник од Скопје кој се сомничи за разбојништво и напад врз постаро лице.
Имено, вчера полициски службеници од Полициската станица Центар привеле малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.
Според полицијата, околу 12:30 часот кај Зелено пазарче тој физички ја нападнал Ј.С.(79) од Скопје и ѝ одзел пари.
Набргу потоа, тој бил пронајден и приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Денеска средба Трамп-Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се среќаваат во Алјаска денес во 21:30 часот.
Трамп рече дека верува оти неговиот руски колега Владимир Путин ќе се согласи на договор и дека заканата од санкции против Русија веројатно ја натерала Москва да побара состанок.
Американскиот претседател рече дека не е сигурен дека може веднаш да се постигне прекин на огнот, но изрази интерес за посредување во мировен договор.
Путин претходно рече дека САД вложуваат „искрени напори“ за прекин на војната во Украина и сугерираше дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за нуклеарно оружје како дел од пошироките напори за зајакнување на мирот.
„Во зависност од тоа што ќе се случи со состанокот, ќе го повикам Зеленски или едноставно ќе си одам дома“, рече Трамп.
фото: принтскрин
Свет
Ким Џонг-ун одговори на писмото од Путин: „Воспоставивме единство на бојното поле“

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на официјалната посета на Пјонгјанг, соопшти рускиот парламент во четврток. Володин, близок сојузник на претседателот Владимир Путин, му ги пренесе поздравите на рускиот лидер и му се заблагодари на Ким за поддршката на Северна Кореја за воената кампања на Русија во Украина.
Путин разговараше со Ким по телефон во вторникот и го информираше за планираните разговори со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска.
Ким испрати одговор на писмото на Путин, кое го достави Володин по повод 80-годишнината од ослободувањето од јапонската колонијална власт, објави во петокот севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.
Во писмото до Путин, Ким наведува дека севернокорејските и руските војници воспоставиле „пријателство и единство“ на бојното поле за да се борат против „заеднички непријател“ што тој не го идентификувал, според КЦНА.
Пјонгјанг и Москва го потврдија распоредувањето на севернокорејски трупи за поддршка на руската офанзива против Украина, насочена кон враќање на регионот Курск. Разузнавачката агенција на Јужна Кореја во јуни соопшти дека Северна Кореја е потенцијално подготвена да испрати повеќе трупи во Русија.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

Протестите што се одржаа низ цела Србија вчера вечер, беа обележани со високи тензии и низа инциденти. Во Белград, во близина на зградата на Генералштабот, поддржувачите на Српската напредна партија (СНС) постојано пукаа со пиротехнички средства преку кордонот на жандармеријата кон граѓаните.
Слични напади беа забележани и во други делови од градот, а полицијата фрли солзавец кон демонстрантите. Солзавец беше употребен и во Нови Сад и во неколку други градови.
Напад врз пратеник на опозициската партија
Околу 22:30 часот, Партијата за слобода и правда објави на Икс дека нивниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил брутално претепан за време на протестот во Белград. Во соопштението се наведува дека неговата „глава била скршена од насилниците на Српската напредна партија“, дека бил „удрен со шипка по главата и неколку пати по телото“ и дека „моментално е на пат кон болница“.
Митровиќ рече дека, без никаква причина, бил нападнат од седум или осум маскирани мажи. „Се нафрлија врз мене, а кога им кажав дека сум пратеник, рекоа дека не се заинтересирани и почнаа брутално да ме удираат по главата и нозете со шипки“, рече тој.
„Почнаа да ме малтретираат и навредуваат. Кога сфатив дека немаат поим што прават и дека може да заврши многу лошо, се засолнив и избегав, бидејќи видов дека имам работа со луѓе кои очигледно полуделе“, додаде Митровиќ.
Тој ја обвини власта за нападот: „Ова е резултат на работата и политиката на режим кој се распаѓа во насилство. Кога владата слободно ги ангажира хулиганите на СНС брутално да тепаат мирни граѓани, тоа е колапс на државата. Јас не провоцирав никого, стоев мирно и протестирав, но хулиганите имаа наредба брутално да ги тепаат сите. Јас сум меѓу луѓето кои имаат исклучително сериозни повреди. Ова не смее да биде Србија на Вучиќ, бидејќи диктатор чија моќ завршува е подготвен да употреби најстрашно насилство. Нема да избегате од одговорност, ниту вие, ниту вашите фаланги.“
Според извештаите од теренот, атмосферата на улиците на Белград и другите градови останала напната по полноќ, со присуство на полициски и жандармерски кордони, но сепак некако помирна од претходно.
фото: принтскрин