Црна хроника
Украл паричник и документи од „голф“- Приведен крадец во Охрид
Утрово во 02 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле З.С.(36) од селото Оморани, општина Чашка.
Тој, претходно, на улицата „15 корпус“ во Охрид, од паркирано патничко возило „голф“ одзел паричник и документи.
Предметите се вратени на сопственикот на возилото, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик.
Имено, во периодот од јануари до април 2024 година лицата се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на марихуана и кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на дрога. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување обезбедени се материјални докази и утврдено е дека во наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина на кокаин и марихуана. Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка.
Топ
Екстрадиран Бесим Красниќи
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Северна Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.
Лицето е спроведено во КПУ „Идризово“.
Црна хроника
Aвтомобил излета од автопат кај клучката кај Коњари, 60-годишна жена тешко повредена
Вчера, на автопатот Штип – Скопје, во близина на клучката кај Коњари, патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од З. Ј. (39) од Кочани, излетало од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката Л. Ј. (60) од Кочани, а другиот сопатник Г. Ј. (64) од Кочани добил телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.