Топ
Фатен и спроведен во притвор осомничени за убиство во обид во Скопје
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице. Како што соопшти МВР, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(46) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 14.11.2024 на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје со пиштол пукал кон Ш.М. од Скопје и му нанел прострелна рана на абдоменот. А.И. бил задржан во полициска станица и против него, по брза постапка, била поднесена кривична пријава „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Судија на претходна постапка на А.И. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издршување на мерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија
Вчера, со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија.

Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево” извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во товарниот простор се пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот и утврдување на сите инволвирани лица во случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат од МВР.

Македонија
Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“
Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален сопственик на „Рубикон“, денес во дигиталната судница во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Александар Нацев е 35. физичко лице обвинето за пожарот во Кочани, досега беа дадени воведни зборови за 34 обвинети физички лица и за едно правно лице од вкупно три правни лица обвинети за пожарот во „Пулс“. Сите кажаа дека не чувствуваат вина за пожарот.
По воведните зборови на одбраната, судот ќе почне со сослушување сведоци предложени од Обвинителството.
Обвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност, односно дека од 2012 година до пожарот со постапување, но и со непостапување, придонеле за катастрофалниот пожар. Меѓу обвинетите се поранешни министри за економија и вработени во Министерството, градоначалници на Кочани, градежни инспектори од Општината, инспектори од Државниот пазарен инспекторат, проектанти, менаџери на локалот, обезбедувачи, а првообвинет е сопственикот на „Пулс“.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно со Венко Филипче поседувал и станови во тој град.
Во соопштението се наведува дека тврдењата ги изнел Томе Аврамски, кој се претставува како познаник и поранешен соработник на Заев. Според партијата, Аврамски изјавил дека лично бил во Дубаи и дека од лице место ја видел изградбата на објектот, како и зградата во која, како што тврди, Заев и Филипче купиле станови.
„Во своето сведоштво, Аврамски вели: „Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДС (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 ката. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра’“, пренесе ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека овие наводи претставуваат доказ дека таканаречените „златни визи“ на Заев и Филипче биле добиени врз основа на инвестиции во недвижности, што, како што оценуваат, отвора сериозни прашања за потеклото на средствата.
Партијата соопшти дека го пријавува случајот до антикорупцискиот тим на СДСМ и бара тој да биде процесуиран и истражен, со цел јавноста да добие одговори за наводите поврзани со инвестициите во Дубаи и изворот на средствата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека очекуваат антикорупцискиот тим на СДСМ да ги расчисти сите сомнежи и да ја информира јавноста.

