Топ
Шестгодишно дете почина играјќи фудбал, му се слошило, но лекарите не можеле да го реанимираат
Шестгодишно дете почина на фудбалски тренинг кога прво му се слошило, па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот бил пренесен во Општата болница Гостивар. Детето било без знаци на живот.
„На 3 октомври во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот. Според пријавеното, на шестгодишното дете му се слошило и паднало за време на фудбалски тренинг, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Во ауди криел 50 килограми марихуана
Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода Е.Е.(53) од село Калишта, струшко.
Како што соопшти денеска МВР, при преглед на патничко моторно возило ауди со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Е., биле пронајдени над 50 килограми марихуана.
Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична пријава и предадено на ОЈО Битола.
Регион
Страшни детали од поплавите во Босна и Херцеговина, загина трудница, а брачен пар се најдени гушнати
Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај. Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите во БиХ, од кои 16 се сметаат за исчезнати.
„Најмалку 16 лица од областа на северна Херцеговина во моментов се водат како исчезнати, откако беше потврдено дека исто толку луѓе загинале само на подрачјето на Јабланица“, изјави премиерот на Федерацијата на БиХ, Нермин Никшиќ.
Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.
Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.
Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит.с
Свет
Се повеќе мали деца се дебели, предупредува ФАО
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години и дебелината кај возрасните се во пораст во голем број земји.
Западен Балкан со 10,3 отсто и Кавказскиот регион со 9,1 отсто имаат највисока стапка на прекумерна тежина кај децата до пет години, додека стапката на дебелина кај возрасните исто така се зголемува.
Вредностите на анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години ја надминуваат глобалната проценка од 29,9 отсто во Киргистан со 35,8 отсто, Таџикистан 35,2 отсто и Азербејџан 35,1 отсто.
За да се справат со овие предизвици, сите актери во Европа и Централна Азија треба да се фокусираат на квалитетот на исхраната, осигурувајќи дека сите граѓани имаат пристап до разновидна и урамнотежена исхрана.
Никој не треба да се остави зад себе. Ова мора да биде поддржано со едукативни и кампањи за подигање на јавната свест кои поттикнуваат поздрав и поодржлив избор на храна, се додава во соопштението.