Топ
Шестмина повредени, меѓу кои две деца, во сообраќајна незгода во Скопје
Шест луѓе се повредени, меѓу кои и две деца, на возраст од осум и девет години, во судир на две возила на крстосницата од улиците Ацо Шопов и Фјодор Достоевски во Скопје.
Во незгодата тешки телесни повреди добиле сопатниците возилото „даеву тико“ – Ф. С. (68) од с. Шишево, која била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ и осумгодишно дете од с. Шишево, кое било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Телесни повреди добиле возачот А. М. и сопатниците од истото возило М. М. (60), Н. М. (31) и деветгодишно дете. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца
Кавадаречкото Обвинителство споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15 години.
Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон.
Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.
Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години.
Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка.
Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.
Свет
Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина
Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу клучните надворешнополитички и внатрешни прашања. По заедничка средба, тие соопштија дека Словачка повеќе нема да ѝ дава воена помош на Украина, нема да испраќа војници и нема да учествува во плановите на ЕУ, пренесе Актуалити.ск.
„Задачата на тројцата највисоки уставни функционери е да испратат сигнал дека е можно да се води културна политика и култивиран дијалог и дека мора да се најде заеднички пат и заеднички одлуки за доброто на Словачката Република“, изјави претседателот Пелегрини. Тој додаде дека средбата покажала оти можат да разговараат отворено, конструктивно и прагматично за сите прашања.
Според Пелегрини, тројцата се единствени и во оценката за воената кампања на САД во Венецуела, која ја сметаат за грубо кршење на меѓународното право. Потврдена е и согласноста дека Словачка треба да има претставник на разговорите на таканаречената „коалиција на подготвените“, но со непроменет став: земјата нема да ја поддржува Украина воено, нема да испраќа војници и нема да учествува во гаранции за голем заем од Европска комисија.
Сите тројца истакнаа дека Европска Унија е животен простор за Словачка, во кој сака да остане. Сепак, Фицо предупреди дека Унијата никогаш не била во подлабока криза.
„Не би сакал Словачка во оваа криза во ЕУ да трча како ранета и да стане жртва на големи поместувања што можат да се случат во Европа“, рече Фицо. Тој укажа и на распадот на светскиот поредок и на почитувањето на меѓународното право, наведувајќи ја енергетската безбедност како дополнителен предизвик.
Премиерот оцени дека е важно Словачка да настапува суверено во Европа и во светот. „Ги повикувам сите во владејачката коалиција, и покрај внатрешните несогласувања, да се обединиме и да претставуваме храбра и суверена државна политика што ќе ја штити Словачка во овие тешки времиња“, изјави Фицо.
Тој додаде дека разликите во мислењата се можни, но дека кога станува збор за суверенитетот, позицијата и безбедноста на државата, сите мора да „влечат на иста страна“. Доколку опозицијата е подготвена да учествува во таков пристап, ќе биде добредојдена.
Претседателот на парламентот Рихард Раши истакна дека тројцата функционери можат да се договорат за решавање на сериозни надворешнополитички и внатрешни прашања. Тој наведе дека нема суштински проблеми меѓу нив и дека по многу теми имаат слични ставови.
Раши додаде дека разговарале и за функционирањето на Вишеградската група и Славковскиот формат, при што Словачка ќе бара заеднички позиции со тие земји. Како тема било отворено и работењето на парламентот, а Раши потврди дека измените на деловникот мора да бидат прва точка на следната седница.
Фото:Depositphotos
Свет
Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на референдум, нагласувајќи дека за Молдавија станува сѐ потешко да „опстои“ како самостојна држава.
Молдавија, земја со околу 2,4 милиони жители сместена меѓу Романија и Украина, во последните години стана цел на руско хибридно дејствување, вклучувајќи кампањи на дезинформации и манипулации со избори, пишува Политико.
„Ако имаме референдум, јас би гласала за обединување со Романија“, изјави Санду, лидерка на проевропската влада во Кишињев, гостувајќи во британскиот подкаст The Rest Is Politics.
„Погледнете што денес се случува околу Молдавија. Погледнете што се случува во светот. Сѐ е потешко и потешко за мала земја како Молдавија да опстои како демократија, како суверена држава и, секако, да се спротивстави на Русија“, нагласи таа.
Молдавија била дел од Романија од 1918 до 1940 година, кога била анектирана од Советскиот Сојуз. Независност прогласи во 1991 година.
На референдумот одржан во 2024 година, тесно мнозинство граѓани на Молдавија – 50,4 проценти – се изјаснија за членство во Европска Унија. На паралелните претседателски избори, Санду освои втор мандат со околу 55 проценти од гласовите, победувајќи противкандидатка со проруски ставови.
Иако отворено ја изрази својата лична поддршка за идејата за обединување, Санду нагласи дека таа опција во моментов нема мнозинска поддршка во Молдавија, за разлика од членството во Европската Унија, за кое земјата официјално поднесе барање во 2022 година.
Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека околу две третини од граѓаните на Молдавија се против обединување со Романија, додека поддршката за таа идеја традиционално е значително поголема во Романија.

