Топ
Штипјанка пронајде делови од човечко тело, претпоставува дека се на нејзината мајка
Вчера во 08.12 часот во СВР Штип, 55-годишната Б.К. од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла делови од човечко тело, изгризани најверојатно од диви животни а за кои, според облеката на нив, претпоставува дека се на нејзината мајка Д.Р.(74) од Штип, која на 19.07.2024 била пријавена дека се оддалечила од домот.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител деловите од телото биле дадени на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламска држава
Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под услов да остане анонимен, а информацијата ја потврди и сирискиот министер за информации Хамза ал-Мустафа.
„Сирија со тоа ќе стане 90-та членка на коалицијата против Исламска држава, здружувајќи ги силите со САД за елиминирање на последните упоришта на ИСИС и запирање на приливот на странски борци“, рече американскиот функционер.
Политичка соработка без воени компоненти
Хамза ал-Мустафа изјави на социјалната мрежа X дека Сирија потпишала документ за политичка соработка со меѓународната коалиција.
„Договорот е политички и засега не содржи воени компоненти“, додаде сирискиот министер за информации.
Историска посета на Белата куќа
Претседателот Трамп, во понеделник во Белата куќа, го пречека сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, поранешен член на Ал Каеда чии исламистички борци го соборија долгогодишниот сириски претседател Башар ал-Асад во декември.
Ал-Шара стана првиот сириски претседател кој беше примен во Белата куќа. Откако тој ја презеде функцијата, Сирија се дистанцира од клучните сојузници на Асад, Иран и Русија, и се сврте кон соработка со Турција, земјите од Персискиот Залив и Вашингтон.
„Соединетите Американски Држави ќе ѝ дозволат на Сирија да продолжи со операциите во својата амбасада во Вашингтон за да ја зајакне координацијата во борбата против тероризмот, безбедноста и економските прашања“, изјави анонимен американски функционер.
фото: принтскрин
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.
Македонија
Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја
Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и полицаец. Крадците украле кабли вредни околу 440.000 евра, а направиле штета на трафостаница од околу 160.000 евра.
Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека сега осомничениот, инаку вработен во МВР како полициски службеник, бил соизвршител на трите лица против кои беше покренато обвинение пред 10-тина дена.
Сите тие се товарат дека заедно од објектот на „Полуконти –ИГМ“ и подземните тунели низ кои поминуваат кабли за напојување со електрична енергија одзеле повеќе километри високоенергетски и среднонапонски кабли во сопственост на оштетените правни лице АД ЕСМ – Електрани на РСМ – Подружница енергетика Скопје и МакСтил АД Скопје во вкупна вредност од околу 440 илјади евра.
Откако со апарат се уверувале дека каблите не се под напон, со батериска брусалка ги сечеле и ги складирале каблите до влезот од тунелите. Поради нивните дејствија, на 9 април настанал и пожар во трафостаницата ТС Југ со кој била предизвикана и дополнителна штета на јавните инсталации за чие санирање биле потребни повеќе од 100 илјади евра, а не се реализирало и планираното производство и дистрибуција на електрична енергија кон крајните корисници на електрична енергија за период на санација на дефектите во вредност околу 60 илјади евра.
Претходно од МВР соопштија дека на полицаецот му е определен 30-дневен притвор. Тројцата негови соизвршители против кои претходно беше покренато обвинение исто така се обезбедени со мерка притвор по предлог на обвинителството, поради опасноста од бегство, можноста за влијание врз сведоци и ризикот да го повторат делото.

