Топ
Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична за двајцата родители од Скопје

На 24.2.2024 во Полициската станица Бит-пазар бил извршен службен разговор со Е. М. (42) и Ф. М. (37), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека ја малтретирале својата малолетна ќерка.
Известени биле јавен обвинител и Центарот за социјална работа, каде што била предадена малолетничката за нивна понатамошна надлежност.
По целосно документирање на случајот, ќе следува кривична пријава по член 201 од Кривичниот законик – запуштање и малтретирање малолетно лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова во посета на Ватикан на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.
Денеска, Сиљановска-Давкова ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“.
На 24 мај, сабота, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциск.
Вечерта, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.
На 26 мај, понеделник, во Апостолската палата, Сиљановска-Давкова ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост, папата Лав IV и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, во Рим ќе има билатерална средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.
Во составот на македонската државно-црковна делегација којашто ќе ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова, се предвидени Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Елена Кузмановска-Биондиќ, државен секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија; Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи; митрополит тетовско-гостиварски г. Јосиф, епископ Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и протојереј ставрофор отец д-р Зоран Стојанов од Католичката црква.
Македонија
Мицкоски продолжува и на јавна сцена да демонстрира одбивност кон Албанците, велат од ДУИ

Јавното понижување на градоначалникот на Тетово пред сите камери, пред целата јавност, всушност преставува логична последица на моноетничката доминација во Власта, која со тек на времето сѐ поизразено излегува на површина, велат од ДУИ.
Ова, според партијата на Ахмети, не е првпат Мицкоски вака да се однесува кон Албанците.
„Тоа не е случајност. Тоа е израз на неговите лични преференции во политиката. Тоа е намерно потценување, овој пат на јавна сцена. Тоа е негов начин да покаже кој одлучува, а кој молчи. Или, како што и самите наоколу се фалат, тој го остварува своето предизборно ветување – „да им го покаже местото на Албанците во државава“. Не случајно Премиерот го дисциплинираше градоначалникот на прашањето за вработувањето на Албанците“.
Оваа системска неправда, како што истакнуваат, се одвива во континуитет, и тоа е една од клучните политики за остварување на моноетничката доминација.
„Прво го ставија Уставниот суд во полза на нивните предизборни ветувања и го укинаа Балансерот, потоа, без механизми за заштита од мајоризација, пристапија кон серија вработувања и унапредувања во сите институции без вработување на ниту еден Албанец со што полека се нормализира моноетничката доминација во администрацијата.
Албанците не го заслужуваат ова. Во Желино не беше понижен само еден човек, туку беше згазена Уставната децентрализација која е клучна придобивка за граѓаните од Рамковниот договор“.
Премиерот, додаваат од ДУИ, ниту има ингеренции, ниту смее да си дозволува било какви обиди за „дисциплинирање“ на градоначалник кој е избран од граѓаните. Особено, нагласуваат од таму, е поразително што на јавна сцена гледаме политичари Албанци како молчат и толерираат навреда од човек кој ги презира на секој можен начин.
Свет
Европол разби огромна хакерска мрежа: „Го погодивме самиот извор на нападот“

Меѓународната операција против сајбер криминалот, наречена Операција „Endgame“, силно ги погоди глобалните мрежи за хакирање.
Во периодот од 19 до 22 мај, властите од неколку земји срушија околу 300 сервери низ целиот свет, неутрализираа 650 домени, издадоа 20 меѓународни потерници и запленија 3,5 милиони евра во криптовалути.
Оваа операција е продолжение на најголемата меѓународна акција против ботнет мрежи од мај 2024 година. Овој пат фокусот беше ставен на front-end малициозен софтвер, алатките што хакерите ги користат за тивко да влезат во систем и да ја подготват основата за напади со ransomware.
Нападите со Ransomware се форма на сајбер криминал во кој напаѓачите ги заклучуваат податоците на жртвата и бараат откуп во замена за повторно отклучување. Вообичаени цели се болниците, училиштата, бизнисите и локалните самоуправи.
Германските власти објавија дека 18 клучни осомничени ќе бидат додадени на листата на најбарани лица на ЕУ од 23 мај.
Во текот на неделата, во седиштето на Европол во Хаг беше формиран команден центар, каде што истражители од Канада, Данска, Франција, Германија, Холандија, Велика Британија и САД работеа заедно со експерти од Европол и Евроџаст.
Операцијата „Endgame“ продолжува, соопшти Европол.