Црна хроника
Мајката го украла мајмунчето за да го израдува своето глувонемо дете
Кавадарчанката која во неделата го украде мајмунчето Лука од Зоолошката градина во Скопје, ја извршила кражбата за да го израдува своето глувонемо дете, објавува дневниот весник „Дневник“.
Мајката за весникот изјавила дека сакала да го израдува своето дете и да му го подари мајмунчето за роденден, кој му бил пред шест месеци, во месец април. Тогаш не успеала да му купи ништо, па решила да му го подари мајмунчето кое секогаш го радувало.Мајката со својот свршеник и со своето малолетно дете завчера во 17 часот и 30 минути пристигнала во ЗОО Скопје и со алат направила отвор во мрежата кај мајмунот, по што го залажала со банана, го земала во рацете и избегала со такси. „Мојот свршеник ја соблече маицата и го завиткав во неа, па го носев мајмунчето со мене. Ја прескокнавме задната капија, каде што фрлаат отпад и се качивме во таксито“, објаснила таа за Дневник.Во меѓувреме, за кражбата веќе била алармирана полицијата која го фати парот кој го украде мајмунчето. Тие го крстиле Џеки, а потоа дознале дека веќе има име. „Синчето не може најубаво да ги слушне криците на мајмунчето, ниту може да зборува за да каже колку многу му се радуваше, но неговата насмевка кажуваше сѐ. Потоа дојде полицијата и така заврши нашата необична авантура“, раскажала мајката за Дневник.Мајмунчето беше вратено во Зоолошката во добра здравствена состојба./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

