Контакт

Топ

11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало низ дупка во оградата кај Прилеп

Објавено пред

11-годишно дете и маж се здобиле со тешки телесни повреди, откако попладнево нивниот автомобил излетал од експресниот пат Прилеп–Градско и паднал околу 40 метри под патот, во населено место.

dobivaj vesti na viber

Детето, според информациите, се наоѓа во критична состојба, додека возачот исто така бил со сериозни повреди. Двајцата повредени се итно префрлени на Клиничкиот центар во Скопје, каде им е укажана лекарска помош. Трето лице, сопатник во возилото, поминал со полесни повреди и е згрижен во болницата во Велес.

Како што информираа од Основното јавно обвинителство Велес, несреќата се случила кога автомобилот марка „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски таблички, во остра лева кривина изгубил контрола, удрил во претходно оштетена заштитна ограда и излетал од патот, паѓајќи во длабочина од околу 40 метри.

Јавен обвинител веднаш излегол на терен и извршил увид на лице место, при што издал наредби за технички преглед на возилото, како и проверка на присуство на алкохол кај возачот. Дополнително, подигнати се биолошки и други траги за понатамошно вештачење.

„Собраните материјални докази и резултатите од вештачењата ќе бидат искористени за утврдување на причините за несреќата и евентуалната одговорност“, информираат од Јавното обвинителство.

Македонија

Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството – Алиу ветува дека ќе го слуша гласот на народот

Објавено пред

Тоа што денес сакам да го најавам не е само уште една програма, туку системска трансформација, од здравствен систем кој досега реагира со доцнење кон систем што превенира, се подготвува и дејствува навремено, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.

dobivaj vesti na viber

Министерството за здравство, соопшти тој, почна со националната програма за кризен менаџмент и отпорност на здравствениот систем, како што рече, прва од ваков тип во нашата држава, која воспоставува нова логика на справување со ризици, дефинирање стандардизирани протоколи, дигитална платформа за координација во реално време, обуки, симулациски вежби и интероперабилна комуникација меѓу здравствените и безбедносните институции.

Со оваа платформа, според него, се јакне издржливоста на системот и се прави чекор напред кон интегрирана здравствена безбедност.

„Почнавме темелно ажурирање на националниот акциски план за здравствена безбедност, со вклучување на лекциите од пандемијата, во согласност со стандардите на СЗО и ЕУ и зајакнување на законската рамка за меѓусекторска координација.
Ова е јасна политичка порака – здравјето и безбедноста на граѓаните се неприкосновени, а нашата одговорност е да изградиме систем што реагира пред заканата, а не по трагедијата. Со овие координирани чекори нашата држава прави пресврт – од реактивен кон проактивен здравствен систем, подготвен да одговори на секоја закана.
Веруваме дека здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена. А реформите што ги почнуваме се најдобрата инвестиција во нивната заштита. Но, за еден здравствен систем да биде навистина отпорен, реформите мора да се надополнат и со реални, капитални инвестиции“.

Затоа, додаде тој, Министерството за здравство почнува со нова инвестициска фаза од 205 милиони евра за обнова и унапредување на здравствената инфраструктура во Штип, Тетово и во Кичево.

Овие проекти, според неговите најави, се темел за подостоинствен третман на пациентите и подобри услови за медицинскиот персонал.

„Во рамките на новата логика што ја градиме во здравството, логика на транспарентност и отчетност – веќе активно функционира алатката за пријавување неправилности преку која граѓаните може директно да пријават проблеми во системот. Досега регистрирани се 90 пријави, најмногу од Скопје, а најчести се поплаките за доцнење резултати, доцнење на прегледи и ангажмани на доктори во јавниот и во приватниот сектор. Но, најважно е што овие пријави и претставки не остануваат во фиока – секоја се разгледува од посебна работна група со цел да има институционална реакција. Ова е јасната политичка порака: времето кога здравствените проблеми се игнорираа заврши. Сега граѓаните имаат глас – и тој глас ќе се слуша“, ветува Алиу.

Потсети и на направените измени на Законот за здравствената заштита.

Како што истакна, создавањето семејство не смее да биде луксуз, туку право.

„Затоа ја тргнавме административната бариера, го удвоивме бројот на поддржани обиди за ин витро од 3 на 6 и ја дигитализиравме постапката, а времето за одобрување е скратено на две недели. Нема веќе чекање со месеци, нема изгубени документи по пошта, ќе има само нова шанса, надеж и пристапност. Истовремено, го упростивме процесот за лекување во странство, воведовме појасна одговорност во управувањето со Фондот и почнавме усогласување на правата на странските државјани со оние на нашите граѓани“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Токму полициски службеници на Тошковски се фатени за диви приклучоци, проблемот не е водата, туку тие што ја добиваат бадијала и институциите што ги штитат, велат од Град Скопје

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ, кога обвинува за недостиг на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски од МВР се фатени за диви приклучоци на мрежата на ЈП „Водовод и канализација“ во Шуто Оризари и за нив МВР по службена должност нема поднесено кривична пријава за кражба, реагираат од Град Скопје по денешното соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Како што појаснуваат, и на дивоградбата, каде што беше физички нападната градоначалничката Данела Арсовска, бил утврден див незаконски приклучок на вода, а Панче Тошковски, како што истакнуваат во соопштението, дозволува таму да се продолжи со градба и се стави во одбрана на насилникот Сулејман Љамалари.

„Во услови на рекордна потрошувачка од 356.000 м³ дневно и во просек по фатени и спречени 30 нови диви приклучоци секој ден, некој сѐ уште глуми политичка загриженост. Додека едни крадат вода и не плаќаат ни денар, граѓаните што чесно си плаќаат трпат поради пад на системот.

Потрошувачката на вода овој месец достигна рекордни 356.000 м³ на ден, што значи дури 700 литри дневно на жител, највисоко ниво досега.
Само во последните денови дневно се откриваат по 30 нови диви приклучоци во Скопје, бројка што постојано расте“, реагираат од Град Скопје.

Одговорноста, според нив, е јасна. Проблемот, како што велат, не е водата, проблемот се оние што ја добиваат бадијала и институциите што ги штитат.

Прикажи повеќе...

Македонија

55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100.000 домаќинства – почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Објавено пред

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го означи почетокот на изградбата.

„После нешто повеќе од една година, тоа што го ветивме, денеска добива завршница – завршница на првата фаза“, изјави Мицкоски на настанот.

Инвестицијата беше најавена вториот ден по изборот на Владата, а Мицкоски ја нарече „драјвер и модел како треба да се движиме понатаму“ во секторот на обновливи извори на енергија.

Премиерот нагласи дека минатата година била рекордна по странски директни инвестиции, достигнувајќи 1,255 милијарди евра. Како индикатори за економски напредок тој ги наведе растот на извозот на земјоделски производи за 57%, зголемување на бројот на туристи за 22% и индустриски раст од 9,4% во мај.

„Не може да имате силна економија без враќање на довербата кај инвеститорите. А довербата се враќа преку дисциплина и борба против криминал и корупција“, рече Мицкоски.

Тој се заблагодари на сите институции, општини и универзитетски кадар вклучени во проектот, нарекувајќи го ветерниот парк „целосно македонски производ – од проектирање до изведба“.

„Да ни е аирлија и да ни се множат уште многу вакви инвестиции“, порача премиерот.

На настанот се обрати и вицеремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски кој ја истакна огромната важност на проектот, како за државата и граѓаните, така и за развојот на економијата и создавање можности за конкурентност на македонската индустрија на европскиот пазар.

„Кога патуваме надвор, она што можеби најмногу не’ импресионира, особено во Северна Европа, е кога ќе ги видеме ветерниците и тоа е некој симбол за развој, симбол за прогрес, симбол за 21. век и каде се движи човештвото. Така што, ова што ќе се случува во годините пред нас, е и психолошки добро да покажеме, дека како нација можеме да водиме големи проекти“, рече Николоски.

Во однос на економијата, додаде дека тука имаме директен и индиректен импакт. Директниот импакт е она што ќе се произведе и што ќе се продаде, кое што директно влегува во БДП. Но индиректниот е многу поголем, не само во изградбата во годините што следуваат пред нас, не само во придобивките кои што ќе ги имаат трите општини, на чија што територија ќе биде овој ветерен парк, туку пред се’ за стопанството и за индустријата.

На настанот се обратија и директорот на компанијата и инвеститор, Даниел Калдерон, како и министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството – Алиу ветува дека ќе го слуша гласот на народот

Тоа што денес сакам да го најавам не е само уште една програма, туку системска трансформација, од здравствен систем кој...

Македонија30 минути

Токму полициски службеници на Тошковски се фатени за диви приклучоци, проблемот не е водата, туку тие што ја добиваат бадијала и институциите што ги штитат, велат од Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, кога обвинува за недостиг на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски...

Македонија1 час

55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100.000 домаќинства – почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција...

Македонија2 часа

Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот...

Македонија2 часа

Тошковски: Арсовска одбива да соработува, полициските службеници не може да обезбедат изјава

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека градоначалничката Данела Арсовска одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна...

Топ2 часа

Пренесувале и продавале дрога: осомничените откриени преку скај-комуникација

Врз основа на доказите добиени преку скај-комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе...

Топ3 часа

Полицаец се обидел да внесе дрога во Идризово, приведен е

Приведен е полицаец поради сомнеж дека се обидел да пренесува дрога во Идризово. „При претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Македонија3 часа

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за дрогата

Aпелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова, на три години и десет месеци затвор...

Свет4 часа

Трамп: Ракетите за системите „Патриот“ веќе се на пат кон Украина, пристигнуваат од Германија

Ракетите за системот за воздушна одбрана „Патриот“ наменети за Украина веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, објави...

Македонија4 часа

Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. „Да се биде полицаец е повик а...

Свет6 часа

Трамп: Бонди треба да објави сè што смета за веродостојно за Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државната обвинителка Пам Бонди треба да објави „сè што го смета за веродостојно“ за...

Македонија21 час

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари за 24.000 денари месечно

Огласот за ангажирање 400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче...

Топ23 часа

Кривична против лекар во струшката болница: со истечена лиценца 4 години примал плата и додатоци

42-годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, извести МВР. „ОВР...

Македонија24 часа

„Анима мунди“: Феликс не беше само куче, беше жртва. Стана симбол, а од денес и преседан

„Првпат во Македонија убиство на животно завршува со затворска казна. Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Љубе Крстевски на...

Свет1 ден

Русија: Подготвени сме за преговори, но не прифаќаме ултиматуми

По претходната изјава од Кремљ, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва е подготвена за разговори откога...

Свет1 ден

„Фајненшл тајмс“: Трамп го праша Зеленски дали може да ги нападне Москва и Санкт Петербург

Според „Фајненшл тајмс“, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја повикал Украина да размисли за напад подлабоко на руска територија и...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ до Јаневска: Дали може мирно да спиете знаејќи дека учениците со попреченост на 1 септември нема да го имаат својот образовен асистент до себе

„ВМРО-ДПМНЕ го партизира секој сегмент од општеството, дури и онаму каде што најмалку треба да има политика- во образованието. Ова...

Македонија1 ден

Мицкоски: ГРЕКО потврди, Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост

Работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам има особено значење за стабилноста, безбедноста и отпорноста...

Македонија1 ден

Димитров: ЕУ дозволи она што за нас беше најважно и што го обезбедивме со преспанскиот договор сега да биде нападнато од Бугарија

„Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер што испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога...

Македонија1 ден

ДУИ за Коридорот 8: Тие што го саботираа, денес се фалат

Демократската Унија за Интеграција го поздравува ентузијазмот со кој актуелната Влада го промовира реализирањето на стратешките проекти во земјата, како...