Контакт

Топ

12 лица го прекршиле полицискиот час, 408 казни за неносење маски

Објавено пред

Во првата вечер од полицискиот час, кој трае во периодот од 22 до 5 часот наутро, истиот го прекршиле 12 лица, информираат од МВР.

dobivaj vesti na viber

Синоќа дел од раководството на министерството, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на забраната за движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови.

Од МВР информираат и дека во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерството воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.

 

 

Македонија

Грета Тунберг во Тетово

Објавено пред

Од

Шведската активистка Грета Тунберг вчера беше во Тетово, во посета на Општествено-културниот центар Тетово, објавија од организацијата.

dobivaj vesti na viber

Тунберг ја посетила и новата локација на Центарот која се спрема со заеднички волонтерски ангажман кој се реализира со поддршка од меѓународни партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.

Новиот простор ќе биде отворен утре со почеток од 18 часот.

Пред да пристигне во Македонија, Тунберг учествуваше на протест во главниот град на Албанија, Тирана, каде што на плоштадот Скендербег се обрати пред многу граѓани. Таа тогаш повика на итен прекин на израелската опсада врз Газа и остро ја осуди.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Објавено пред

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги скастрија грмушките, кои скопското Кале изминативе години го претворија во џунгла. Денешната акција е подготовка за активностите што допрва ќе следуваат за обнова на двата музеја и нивно пуштање во употреба во 2026 година. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утрово објасни дека морале да бараат помош од ЗЕЛС за косење на тревата оти не наишле на соработка во Град Скопје и во Јавното претпријатие „Паркови зеленило“.

dobivaj vesti na viber

Сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги скастрија грмушките на Калето

„Во последните десетина години скопското Кале, симболот на нашата култура, традиција, историја, беше девастирано, обраснато со вегетација и не му се посветуваше никакво внимание. Ние како Министерство за култура и туризам и Управата за заштита на културното наследство испративме неколку дописи до Град Скопје и до ’Паркови и зеленило’ за да помогнат во процесот на чистење на скопското Кале, но не добивме никаков одговор. Затоа веднаш реагиравме до ЗЕЛС. Сакам да му се заблагодарам на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и на сите градоначалници, кои се денес присутни овде бидејќи ја прифатија иницијативата и се реагира во истиот момент“, рече министерот Љутков.

Уредувањето на зеленилото е подготовка за градежните активности за обнова на двата музеја на Кале

Пред неколку месеци министерот Љутков и директорката на Управата за културно наследство направиле увид на Калето и утврдиле дека е неопходно да се обноват и двата музеја.

„Двата музеја се во многу лоша ситуација, ќе треба комплетно обновување на целата механизација внатре што ја има и на климатизацијата. Направивме план и со ребалансот на буџетот обезбедивме осум милиони денари, кои ќе бидат искористени до крајот на годината. Веднаш ќе пристапиме кон распишување јавна набавка за поправка на овие простори, а подоцна и со реализација на целиот овој огромен проект, кој ќе треба веќе од 2026 година да биде пуштен во употреба. Целта е 2028 година, кога Скопје ќе биде европска престолнина на културата, овој простор да биде еден од најискористените“, најави министерот Љутков.

Министерстовото и Управата за култруно наследство барале од Град Скопје да ја искоси тревата, но не наишле на соработка, па затоа се обратиле во ЗЕЛС

Директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, рече дека документацијата за обнова на двата музеја е подготвена и уверува дека до крајот на годината ќе завршат со активностите.

„Управата за заштита на културното наследство како инвеститор на овие два музеја, кои треба да почнат со градежни активности со пари од ребалансот, ја спреми техничката спецификација и во наредниот период чекаме да се објави во ‘Службен весник’ ребалансот и ќе го распишеме тендерот за да може да се влезе и да се почне со работа. Управата за заштита на културното наследство до крајот на годината ќе успее да ги заврши овие два инфраструктурни проекта и ќе ги стави во функција“, вели директорката Честоева.

Во последните десетина години скопското Кале, симболот на нашата култура, традиција, историја, беше девастирано, обраснато со вегетација и не му се посветуваше никакво внимание, рече министерот Љутков

Претседателот на ЗЕЛС, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, утрово од Калето вети дека, по изборите, сите културни споменици, кои се симбол на градот, ќе имаат посебен третман. „Еден од најважните културни симболи на градот Скопје е токму скопското Кале. За жал, ете десетина години е во состојба во каква што се наоѓа и практично преку состојбата на скопското Кале можеме да ја видиме состојбата генерално и во градот Скопје. Од друга страна, пак, тоа говори како ние си ја третираме историјата. Историјата не треба да се третира и да се помага во тој дел на ’Фејсбук’ пишувајќи објави ниту, пак, водејќи дебати за тоа, туку преку практични примери како треба да си го сочуваме она што е наше наследство, но и симбол на градот. Мене искрено ми е жал за состојбата во која се наоѓа не само овој објект овде туку и многу други објекти. Ова треба да биде континуиран процес и активности што не треба да се случуваат под капата на медиумите, а се случуваат во моментот, за жал. Но, по локалните избори, и Калето и сите други објекти во градот Скопје, кои се историски симбол на градот, ќе маат посебен третман“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Од 2008 до 2014 година за уредувањето на Калето беа потрошени приближно 4,6 милиони евра

За уредувањето на Калето, кое сега со речиси 130.000 евра треба да се поправи и да се стави во функција, од државниот буџет во периодот од 2008 до 2014 година беа потрошени приближно 4,6 милиони евра. Двата музеја беа комплетно направени, но останаа затворени, а третиот музеј, пак, познат како црква-музеј, остана недограден по инцидентите од 2011 година, иако само за него, според јавно достапните податоци, се потрошени речиси 1,7 милион евра.

Прикажи повеќе...

Топ

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Објавено пред

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело  на машко лице.

dobivaj vesti na viber

Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за И.Д.(55) од Скопје.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Грета Тунберг во Тетово

Шведската активистка Грета Тунберг вчера беше во Тетово, во посета на Општествено-културниот центар Тетово, објавија од организацијата. Тунберг ја посетила и...

Македонија4 часа

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ4 часа

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија4 часа

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија5 часа

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија5 часа

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија5 часа

(Фото) Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија6 часа

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари ниеден новинар да не ти постави прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби ниеден новинар...

Македонија6 часа

Седум активни пожари во земјата

Центарот за управување со кризи извести дека во последниот ден, до 8 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 33...

Македонија7 часа

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот...

Топ7 часа

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница – Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет8 часа

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет9 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет9 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардира, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет10 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија10 часа

Метеж на Табановце и на Богородица, се чека 40-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија20 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија21 час

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија22 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија1 ден

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...