Црна хроника
145 санкции за брзо возење на територијата на државата

Во текот на вчерашниот ден (12.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 145 возачи. Од нив четири возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 47 надвор од населено место.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штипјанец ја истепал мајка му, а потоа и полицаецот кој дошол да го приведе

На 31.03.2023 во 23,40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода Е.А.(38) од Штип, затоа што околу 23.30 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата мајка, при што употребил остар предмет, а потоа агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Истепан полицаец во Гази Баба

На 31.03.2023 во 22.10 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници е лишен од слобода М.С.(23) од Скопје, затоа што околу 21.40 часот во близина на угостителски објект на подрачјето на Гази Баба агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Скопјанец пронајден мртов во неговиот дом

На 31.03.2023 околу 12.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош, во својот дом бил пронајден починат Т.Д.(40) од Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.