Црна хроника
2.000 евра глоба за скопјанец што употребил лажен негативен тест на коронавирус на скопскиот аеродром

Против 37-годишен скопјанец, кој се товари дека сторил кривично дело фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог.
На 25 јули, на Меѓународниот аеродром „Скопје“, обвинетиот употребил лажна исправа – фалсификувана медицинска потврда за негативен тест на SARS-CoV-2.
Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија, тој го употребил лажниот сертификат пред аеродромските власти.
Јавниот обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.