Црна хроника
Запленет хероин во вредност од милион евра
Македонската полиција прекина меѓународен шверцерски канал за дрога, при што две лица се уапсени и се запленети повеќе од девет килограми хероин, вреден над милион евра
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во кординација со турската служба за борба против дрога, спровела меѓународна акција под оперативно име „Босфор” за откривање и пресекување на меѓународен канал за недозволена трговија со наркотична дрога хероин од Блискиот Исток кон западноевропските држави.Во акцијата се приведени двајца макеодснки државјани од Скопје, едниот 34 а другиот 21-годишен, кои и претходно „минувале“ низ полициските архиви.Дрогата била пронајдена во три јутени вреќи во такси возило „Фолксваген кеди” со скопски регистерски ознаки, во кои имало платно за фармерки обвиткани во ролни, наменети за фиктивна фирма „Фатитекс“Двајцата осомничени, кои претходно се идентификувани како нарачатели на пратката хероин, веднаш биле уапсени, додека за возачот на таксито е утврдено дека бил ангажиран по пријателска линија без да знае што пренесувал.Полицијата дополнително извршила претрес на домовите на приведените, при што е пронајден еден пиштол ТТ калибар 7,62 мм.Двацата со соодветни кривични пријави и доказниот материјал во текот на денов ќе бидат изведени пред Основно Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

