Црна хроника
Оштетени згради на три училишта во Тетовско
Министрството за внатрешни работи информираше дека во тетово се оштетени две основни училишта тетовски училишта. Засега непознати сторители ги каменувале прозорците од училушните згради на училиштата
Сторената материјална штета е поголема,соопштуваат од тетовската полиција. Таа се проценува на околу 1.500 евра.Вандалите во текот на викендот ги оштетиле училиштата “Истикбал” и “Андреја Савевски-Кикиш”.Во училиштето “Истикбал” биле искршени 33 прозорски стакла. Преку еден од скршените прозорци во приземјето, сторителите влегле во училиштето, насилно ја отвориле наставничката канцеларија, но притоа не зеле ништо. Се претпоставува дека ги барале училишните дневници.Оштетени биле и осум прозорци во училиштето “Андреја Савевски-Кикиш”. Сторителите не влегле во училиштето. Каде штетата е процнета на стотина евра.Во друг инцидент, засега непознати сторители ги оштетиле бравите во основното училиштето “Луиѓ Гуракуќи” во тетовското село Желино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

