Црна хроника
Македонец спречен да прошверцува антиквитети во Србија
Српската Царина соопшти денеска дека спречила македонски државјанин да прошверцува антиквитети, на граничниот премин Прешево
Во автомобил со бугарски регистерски таблички, со кој управувал македонскиот државјанин, идентификуван со иницијали С.О, пронајдени се античка статуа, шест сребрени и 1,666 стари пари од непознато потекло, јави белградската агенција Фонет.Антиквитетите, спакувани во три пластични кеси, биле сокриени на совозачкото седиште помеѓу сунѓери и жици, како и во џеповите на возачот.Со експертиза ќе биде утврдена вредноста и потеклото на антиквитетите, соопшти српската царинска служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.